+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Шумарство





Производство и продажба на шумски сортименти, сеча на дрва и услуги во шумарството, трето тримесечје од 2020 година

понеделник, 16 ноември 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2020 година, во однос на третото тримесечје од 2019 година, е зголемено за 2.7 %.

Зголемување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од листопадни видови, друго обло дрво од листопадни видови, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од листопадни видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови, друго обло дрво од иглолисни видови и огревното дрво од иглолисни видови.

Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 212 640 м3 и бележи намалување за 3.2 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика