+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Градежништво





Издадени одобренија за градење, јули 2020 година

петок, 11 септември 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2020 се издадени 284 одобренија за градење, што е на исто ниво во споредба со јули 2019 година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 053 143 илјади денари, што е за 6.7 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 166 (58.5 %) се наменети за објекти од високоградба, 33 (11.6.%) за објекти од нискоградба и 85 (29.9 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 284 објекти, на 164 (57.8 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 120 (42.2 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 747 станови со вкупна корисна површина од 59 303 м2.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика