+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Деловни тенденции





Деловни тенденции во преработувачката индустрија, јуни 2020 година

вторник, 14 јули 2020


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни 2020 година е намален за 0.8 процентни поени во однос на мај 2020 година и изнесува 12.2, а во однос на јуни 2019 година е намален за 9.1 процентeн поен.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јуни 2020, во однос на мај 2020 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2020 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на јуни 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2020 година изнесува 65.5 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20.6 %, недостигот на квалификувана работна сила со 17.0 %, неизвесното економско опкружување со 16.5% и недоволната домашна побарувачка со 13.1%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика