+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Деловни тенденции





Деловни тенденции во градежништвото, четврто тримесечје од 2019 година

понеделник, 20 јануари 2020


Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во четвртото тримесечје од 2019 година е повисок за 0.6 процентни поени во однос на третото тримесечје од 2019 година, а e повисок за 1.6 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2018 година.

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни во однос на претходното тримесечје. Очекувањата за бројот на вработените се дека тој ќе се зголеми во наредните три месеци.

Оценката за економската состојба во четвртото тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а е поповолна и во однос на четвртото тримесечје од 2018 година.

Сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти, како и финансиската состојба е поповолна во однос на претходното тримесечје.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата.

Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: нема побарувачка со 18.2 %, зголемени трошоци за материјали со 17.4 % недостиг на обучен кадар со 16.7 % и зголемени трошоци за труд со 14.7 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика