+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Туризам и угостителство





Туризам, март 2020 година

вторник, 12 мај 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2020 година изнесува 17 943, а
бројот на ноќевањата изнесува 41 948.

Бројот на туристите во март 2020 година, во однос на март 2019 година, е намален за 67.3 %, а бројот на ноќевањата
е намален за 62.8 %.

Бројот на домашните туристи во март 2020 година, во однос на март 2019 година, е намален за 60.5 %, а бројот на
странските туристи е намален за 70.4 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2020 година, во однос на март 2019 година, е намален за 50.3 %,
а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 69.6 %.

Во периодот јануари - март 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е
намален за 18.3 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 17.2 %, а кај странските има намалување за 18.9 %.

Во периодот јануари - март 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е
намален за 19.7 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 15.1 %, а кај странските има намалување за 22.9 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика