+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Транспорт и комуникации





Превезени патници и стоки во првото тримесечје од 2020 година

петок, 22 мај 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото  тримесечје од 2020 година,  во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1 215 илјади, во градско-приградскиот превоз 15 277 илјади,
 во железничкиот превоз 93 илјади, додека бројот на превезените патници во  воздухопловниот превоз изнесува 429 869.

Во првото  тримесечје од 2020 година, во споредба со првото тримесечје од 2019 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 7.6 %, во железничкиот превоз е зголемено за 0.7 %, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 6.4 %.
 





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика