+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Транспорт и комуникации





Паркиралишта и гаражи, 2018

вторник, 30 април 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2018 година, бројот на паркиралишта и гаражи, како објекти
за паркирање, изнесува 196, со површина од 582 753 m2 .
Според обработените податоци, 22 034 места за паркирање се на отворен простор, 2 181 место за паркирање има во
покриените гаражи, додека во катните гаражи има 4 952 места за паркирање.
Во споредба со 2017 година, бројот на паркиралишта и гаражи е зголемен за 0.5 %.
Во истиот период, бројот на местата за паркирање е зголемен за 3.49 %, додека во покриените гаражи бројот на
местата за паркирање е намален за 0.14 %, а во катните гаражи за 20.1 %.
Бројот на местата за паркирање на отворен простор за лицата со посебни потреби, во 2018 година, изнесува 460, во
покриените гаражи 51, додека во катните гаражи изнесува 149.
Со ова истражување се опфатени деловните субјекти за јавни паркиралишта во Република Северна Македонија и
паркиралиштата на општините.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика