+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Култура





Радиодифузна дејност во Република Северна Македонија, 2019 година

петок, 29 мај 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика добиени од извештајните единици, во 2019 година, во Република Северна Македонија, со радиодифузна дејност се занимавале 107 радиодифузери, од кои 62 емитуваат радиопрограма, а 43 телевизиска програма.

Од радиодифузерите што емитуваат радиопрограма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, 57 се трговски радиодифузни друштва и 4 се непрофитни радиодифузни установи.

Според податоците, јавното радиодифузно претпријатие што емитува радиопрограма емитувало вкупно 38 015 часа, од кои најголем дел или 58.4 % се музичка програма.

Трговските радиодифузни друштва што емитуваат радиопрограма емитувале вкупно 499 320 часа радиопрограма, од кои најголем дел или 63.0 % се, исто така, музичка програма.

Од радиодифузерите што емитуваат телевизиска програма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, а 42 се трговски радиодифузни друштва.

Јавното радиодифузно претпријатие што емитува телевизиска програма емитувало вкупно 23 941 час телевизиска програма, од кои најголем дел или 27.2 % се документарна и образовна програма.

Трговските радиодифузни друштва што емитуваат телевизиска програма емитувале вкупно 357 684 часа телевизиска програма, од кои најголем дел или 23.2 % се играна програма.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика