+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна За Државниот завод за статистика
 

Годишен извештај

Извештајот се состои од пет делови, од кои четири се однесуваат на активностите на ДЗС, а еден дел ги опфаќа активностите на овластените носители, од аспект на реализацијата на статистичките истражувања од Програмата за кои се надлежни. Најголем дел од Извештајот за работа се однесува на реализираните активности на ДЗС во 2019 година. Од вкупно 319 статистички истражувања во Програмата за статистички истражувања за периодот 2018-2022 година,  252 ги спроведува ДЗС.

Во првиот дел од Извештајот е опфатено институционалното опкружување на ДЗС и во него се содржани податоци за административните капацитети (човечки и финансиски ресурси, стручно усовршување на вработените, внатрешна ревизија, Совет за статистика и Координативен комитет),  статистичка инфраструктура,  информатичка инфраструктура и активностите поврзани со дисеминација на податоците на ДЗС во 2019 година. 

Во вториот дел од Извештајот се содржани податоци за реализираните активности на ДЗС од аспект на статистиките по сектори, односно од Секторот за деловни статистики, земјоделски статистики и статистики на животната средина, Секторот за социјални статистики и Секторот за национални сметки.

Во третиот дел од Извештајот се дадени информации за европска интеграција и меѓународни активности. Тој ги содржи активностите реализирани во 2019 година на планот на следењето на европските стандарди и меѓународната активност. Државниот завод за статистика ја реализира својата меѓународна активност со непосредно учество во процесот на европската интеграција на земјата, како и со учество во повеќе меѓународни проекти кои се реализираа во рамките на странската помош што му беше обезбедена на ДЗС. 

Четвртиот дел од Извештајот содржи информации и податоци за предизвиците со кои се соочуваше ДЗС во 2019 година.

Петтиот дел од Извештајот содржи краток осврт за координацијата на статистичкиот систем на земјата и за реализацијата на Програмата за статистички истражувања од страна на овластените носители во статистичкиот систем: Народната банка на Република Северна Македонија, Министерството за финансии, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Управата за хидрометеоролошки работи и Институтот за јавно здравје. 

 
Преземете го Годишниот извештај на следниот линк:  Годишен извештај 2019

 Годишен извештај 2018

Годишен извештај 2017

Годишен извештај 2016

Годишен извештај 2015

Годишен извештај 2014

Годишен извештај 2013

Годишен извештај 2012

Годишен извештај 2011

Годишен извештај 2010


     

© Државен завод за статистика