+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна За Државниот завод за статистика
 

Совет за статистика на Република Северна Македонија

 

Советот за статистика на Република Северна Македонија претставува советодавно и стручно тело на државната статистика.
Советот е составен од претседател и 13 членови кои ги именува и разрешува Собранието на Република Северна Македонија. Директорот на Заводот е член на Советот по функција.
Претседател на Советот:
  • проф. д-р Благоја Маркоски, професор на Институтот за географија на Природно – математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје 
Членови:
  •        Апостол Симовски, директор на Државен завод за статистика; 
  •       Линдита Ахмед Јашари, државен советник за политички систем во Собранието на Република Северна Македонија;  
  •       Билјана Миноска, помошник раководител на Сектор за трезор во Министерството за финансии;
  •        д-р Султанија Бојчева -Терзијан, директор на Дирекцијата за статистика во Народна банка на Република Северна Македонија;
  •        Борјанчо Мицевски, градоначалник на Општина Крива Паланка;
  •        Фатмир Дехари, градоначалник на Општина Кичево;
  •        Јасмина Чаушоска, соработник во Македонски центар за меѓународна соработка
  •        Михајло Донев, соработник во Дирекција во Стопанска комора на Македонија;
  •        Марика Јовановска, раководител на сектор за набавки на Титан, на предлог на Сојуз на стопанските комори на Македонија;
  •        Дриљон Исени, извршен директор на Стопанска комора на Северо-западна Македонија;
  •        проф. д-р Весна Буцевска, професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,
  •        проф. д-р Анета Цекиќ, вонреден професор на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" - Скопје
 
 Во согласност со измените и дополнувањата на Законот за државната статистика, претседателот и другите членови се претставници на:
 
  • Собранието на Република Северна Македонија,
  • Министерството за финансии,
  • Народната банка на Република Северна Македонија,
  • Заедницата на единиците на локалната самоуправа,
  • економско социјалниот совет,
  • невладините организации,
  • стопанските комори и
  • научните институции
 
Советот ги врши следните работи:
  • Расправа за појдовните основи на Програмата;
  • Дава мислење по предлогот за донесување на Програмата;
  • Дава сугестии и предлози во однос на методолошките основи на статистичките истражувања на Заводот и на овластените носители;  
  • Дава предлози за измени и дополнувања на Програмата до Заводот;
  • Дава мислење за предложените измени и дополнувања на Програмата;
  • Дава мислење за Годишниот извештај на Заводот за реализација на Програмата;
  • Дава мислење и предлози по закони и други прописи од областа на државната статистика;
  • Предлага модернизација и рационализација на државната статистика;
  • Предлага унапредување на меѓународната соработка во областа на статистиката.

     

© Државен завод за статистика