+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна За Државниот завод за статистика
 

 Стратегија 2020-2022

Основен документ со кој се уредуваат стратегиските приоритети на Државниот завод за статистика во периодот од 2020 до 2022 година е Стратегискиот план на Државниот завод за статистика, 2020 – 2022. Реализацијата на дефинираните програми и потпрограми треба да обезбеди:


• Извршување на обврските на Државниот завод за статистика дефинирaни во Програмата за статистички истражувања, 2018 – 2022 и
• Реализирање на стратегиските приоритети на Владата на Република Македонија поврзани со интеграцијата на Република Македонија во ЕУ, односно реализирање на обврските од Националната програма за усвојување на европското законодавство (НПАА).

При подготовката на Стратегискиот план, целосно се почитувани: Законот за државната статистика и Петгодишната програма за статистички истражувања, 2018 – 2022.


Покрај тоа, беа земени предвид и релевантните документи од Европската комисија, со кои се дефинираат стратегиските приоритети на Европскиот статистички систем и според кои се следи прогресот на Државниот завод за статистика, како и препораките од партнерското оценување (Peer Review) на Европската комисија за напредокот во имплементацијата на Кодексот за работа на европската статистика и препораките од редовните годишни мисии на Евростат (Статистичка служба на Европската комисија) за оценка на напредокот на институцијата во однос на хармонизацијата со ЕУ-стандардите.

 

 Документот можете да го преземете на следниот линк: Стратегиски план 2020-2022

Годишен план за работа за 2020 година

 Претходни стратегиски планови:


     

© Државен завод за статистика