+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна За Државниот завод за статистика
 

Годишен извештај

Во текот на 2018 година беа реализирани повеќе активности кои се поврзани со релацијата на ДЗС со овластените носители, од кои следните беа најважни: беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за државната статистика. Главните новитети на Законот се воспоставувањето на Координативниот комитет и промената на структурата на Советот за статистика на Република Северна Македонија. Со првото дополнување на Законот целта е да се зајакне улогата на ДЗС како координатор на статистичкиот систем на земјата , а со втората измена се потенцира улогата на Советот за статистика како тело кое, пред сѐ, ќе ги презентира интересите на широкиот круг корисници на статистички информации во земјата. Се очекува Координативниот комитет да биде формиран од Владата на Република Северна Македонија во 2019 година. Исто така, во текот на 2019 година Собранието на Република Северна Македонија треба да ги именува новите членови на Советот за статистика.


Втората значајна активност со која најнепосредно се остварува координативна улога на ДЗС беше донесувањето на базичниот подзаконски акт за ДЗС и овластените носители од страна на Владата на Република Северна Македонија, а тоа е Програмата за статистички истражувања за периодот 2018 – 2022 година. Програмата беше плод на непосредна работа на ДЗС и овластените носители, при што во целост беше остварена координативната улога на ДЗС во процесот на координација на статистичкиот систем на земјата. Во 2018 година, Владата го донесе и првото дополнување на Програмата.

 
Со преземените активности во 2018 година, а пред сѐ со воспоставувањето на Координативниот комитет, се очекува да биде зајакната координативната улога на ДЗС во Националниот статистички систем, како и да биде зајакнат и капацитетот на останатите овластени носители кои го составуваат Националниот статистички систем. 
 
Преземете го Годишниот извештај на следниот линк:   Годишен извештај 2018

Годишен извештај 2017

Годишен извештај 2016

Годишен извештај 2015

Годишен извештај 2014

Годишен извештај 2013

Годишен извештај 2012

Годишен извештај 2011

Годишен извештај 2010


     

© Државен завод за статистика