Skip Navigation Links

AC.1 : Број на прегледи на податочни табели  2020


Индикаторот за квалитет, AC1, го покажува бројот на прегледи на податочните табели од базата на податоци МАКСтат во 2020 година, по статистички домени и по месеци.

Вкупниот број на прегледи на податочните табели во 2020 година изнесува 90 638, а од тоа најголемо учество од 56.6 % има во доменот Економски статистики.

По статистички домени, бројот на прегледи на податочните табели за:

  • Демографските и социјалните статистики изнесува 29 984 (33.1 %),
  • Економските статистики изнесува 51 279 (56.6 %),
  • Животната средина и повеќедоменските статистики изнесува 3 037 (3.3 %),
  • Пописите изнесува 3 470 (3.8 %) и
  • Административните податоци изнесува 2 868 (3.2 %).

По месеци, бројот на прегледи на податочните табели е најголем во март и изнесува 9 527 (10.5 %), а е најмал во август и изнесува 6 272 (6.9 %).

Бројот на прегледи на податочните табели во базата на податоци МАКСтат во 2020 година е зголемен за 13.5 % во однос на претходната година.

Индикаторот за бројот на прегледи на податочните табели од базата на податоци МАКСтат е показател за проценување на потребата за податочни табели во базата на податоци МАКСтат.




Преземи го целиот документ
Преземи го методолошкото објаснување
Индикатори по години
2020
2019
2018
2017
2016

 Назад кон индикаторите за квалитет


© Државен завод за статистика