Skip Navigation Links

TP3.12 : Временска разлика на објавување на податоците на дефинитивните резултати  2020


Индикаторот за квалитет, TP3.12, ја покажува просечната разлика во број на денови помеѓу објавувањето на податоците и планираното објавување на податоците на дефинитивните резултати во 2020 година, по статистички домени и по периодика на објавување на соопштенијата и тематските публикации на месечни, тримесечни, полугодишни, годишни и повеќегодишни.

Вкупната временска разлика на објавувањето на податоците на дефинитивните резултати во 2020 година покажува дека објавувањето на податоците е по планираниот датум и изнесува 1.2 денови.

По статистички домени, временската разлика на објавувањето на податоците на дефинитивните резултати за:

- Демографските и социјалните статистики изнесува 3.5 денови,

- Економските статистики изнесува 0.0 денови и

- Животната средина и повеќедоменските статистики изнесува 0.0 денови.

Според периодиката на објавување на соопштенијата, временската разлика за:

- Месечните соопштенија изнесува 0.0 денови,

- Тримесечните соопштенија изнесува 0.0 денови,

- Полугодишните соопштенија изнесува 0.0 денови,

- Годишните соопштенија изнесува 1.4 денови и

- Повеќегодишните соопштенија изнесува 0.0 денови.

Според периодиката на објавување на тематските публикации, временската разлика за:

- Годишните тематски публикации изнесува 8.7 денови.

По години, вкупната временска разлика на објавувањето на податоците на дефинитивните резултати за:

- 2020 година изнесува 1.2 денови,

- 2019 година изнесува 0.0 денови,

- 2018 година изнесува -0.2 денови,

- 2017 година изнесува -0.7 денови и

- 2016 година изнесува 0.3 денови.

Во 2020 година, 97.5 % (273) од објавените соопштенија и тематски публикации се објавени на планираниот датум на објавување, 1.1 % (3) се објавени пред планираниот датум на објавување и 1.4 % (4) се објавени по планираниот датум на објавување.




Преземи го целиот документ
Преземи го методолошкото објаснување

Индикатори по години
2020
2019
2018
2017
2016

 Назад кон индикаторите за квалитет


© Државен завод за статистика