Методолошко објаснување за соопштението:
Издатоци на работодавецот по вработен
Дефиниција
Со Анкетата за цената на трудот се прибираат податоци за исплатените плати и останатите издатоци на работодавецот за вработените во деловниот субјект.
Анкетата се спроведува во согласност со Регулативата на Советот бр. 530/1999 и регулативите на Европската комисија бр. 1726/1999 и бр. 1737/2005.
Метод на прибирање податоцитеВо Анкетата за цена на трудот единици на набљудување се деловните субјекти и нивните локални единици (единици во состав) во приватна и во друга сопственост на територијата на Република Македонија.
Анкетата се спроведува врз примерок од 3 984 статистички единици од кои 54.0% се во приватна сопственост и 46.0% се во друга сопственост. Од вкупниот број статистички единици, одговор е добиен од 3 034 или 76.2%, од кои 47.3% се во приватна сопственост и 52.7% се во друга сопственост. Во процедурите на оценување е извршено пондерирање на податоците со пондери од рамката од која е избран примерокот.
Применето е прилагодување на пондерот според неодговорот на анкетата на ниво на стратум.
Последно ажурирање:
17.03.2011
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Пазар на труд
|
© Државен завод за статистика