+A   |  -A
ïïï: 386 | âââ: 69161
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Слободни работни места


Состојба: 03.09.2012


Извештајните единици кои се предмет на ова истражување се избрани врз база на примерок, односно во примерокот се опфатени претпријатија со дејност Б-О (според Националната класификација на дејностите НКД Рев.2) и кои имаат три или повеќе вработени. Во примерокот се вклучуваат сите средни и големи претпријатија, а останатите се бираат по случаен избор.

Дефиниции

Слободно работно место може да биде новоформирано платено работно место, незафатено или веќе постоечко работно место кое набрзо ќе се ослободи и за кое работодавачот презема активни чекори за изнаоѓање соодветен кандидат.

Во слободни работни места се вклучени: слободните работни места на неопределено и на определено време, слободните работни места со полно и со скратено работно време, слободните работни места кои се отвораат поради долгорочни отсуства (на пример, породилно отсуство или долгорочно боледување).

Од слободните работни места се исклучени: слободните работни места кои се наменети само за внатрешни кандидати на единицата која е предмет на истражување, слободните работни места кои треба да бидат пополнети од неплатени практиканти и слободните работни места на определено време наменети да бидат пополнети од страна на работници од агенциите за привремени вработувања.

Стапката на слободни работни места претставува однос помеѓу слободните работни места и збирот на слободните и пополнетите работни места, искажан во проценти.

Објаснувања за податоците

Податоците во Анкетата за слободни работни места се прибираат месечно на одредена дата (15-ти во секој месец), а се објавуваат како просек од трите месеци во тримесечјето. Еднаш прикажаното слободно работно место во еден од месеците од тримесечјето се исклучува од понатамошно прикажување и евидентирање, без разлика дали тоа сè уште е активно, и не се прикажува во следниот месец.

   


© Државен завод за статистика