Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Социјална заштита на деца, млади и возрасни лица,
2019
Статистичкиот преглед број 2.4.21.01/914 за 2019 година претставува продолжение на серијата податоци објавени во Статистичкиот преглед 2.4.19.03/909 за 2018 година.
Публикацијата содржи податоци за правата од социјална заштита на малолетни и на полнолетни корисници во 2019 година; податоци за установите за сместување на деца и млади без родители и родителска грижа; за установите за згрижување лица со пречки во менталниот и во телесниот развој; установите за згрижување на деца и млади со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение; за установите домови за возрасни лица; за трговските друштва за вработување инвалиди, како и податоци за меѓуопштинските центри за социјална работа.
Во него се презентирани и податоци за додатоците за деца во 2019 година, како и податоци за родителските додатоци за дете за 2019 година.
Државниот завод за статистика вложува напори да овозможи прибирање на што повеќе податоци потребни за државата и за меѓународните институции со проширување на содржината на обрасците, како и што поголема споредливост на меѓународно ниво.
Очекуваме дека публикацијата ќе ја исполни својата улога да им ги даде на корисниците основните податоци за организациите за социјална заштита на децата, младите и возрасните лица и за домовите за ученици/студенти.
Датум на издавање: |
25.01.2021 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
|
Excel: |
Преземи табели
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
Број на страници: |
49 |
ISBN: |
978-608-227-324-2 |
ISSN: |
ISSN 1409-8997 |
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
© Државен завод за статистика