Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Жените и мажите во Северна Македонија : статистички портрет на трендовите во областа
на родовата еднаквост ,
2022
Главната цел на оваа историска анализа е да овозможи преглед на состојбата со родовата еднаквост во Северна Македонија и да ги идентификува сите јасни трендови или промени во однос на статусот на жената во неколку области: население и семејства, здравство, образование, работа и пазар на труд, социјална заштита, моќ и одлучување и правда.
Примарниот извор за анализата е Жените и мажите во Северна Македонија, публикација на Државниот завод за статистика на Северна Македонија (ДЗС) од областа на родовата статистика. Првото издание е објавено во 2000 година, а најновото во 2021 година, со вкупно 12 изданија низ годините.
Покрај давање преглед на состојбата со родовата еднаквост во земјата врз основа на дваесетгодишни податоци, заклучоците и препораките имаат за цел да го поддржат и насочат Државниот завод за статистика на Северна Македонија и другите државни институции кон подобрување на координацијата и стандардизацијата меѓу различни производители на податоци во системот на јавната администрација на земјата.
Оваа анализа е направена во рамките на Центарот за родова еднаквост, Северна Македонија, спроведен од UN Women во Северна Македонија во партнерство со Секретаријатот за европски прашања и Министерството за труд и социјална политика, со финансиска поддршка на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка. – Сида.
Датум на издавање: |
30.11.2022 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
|
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
Број на страници: |
|
ISBN: |
|
ISSN: |
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
© Државен завод за статистика