Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2022
година, во споредба со октомври 2022 година, е зголемен за 0.1 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е
забележано во групите Храна за 0.1 %, Алкохолни пијалаци за 0.5 % и Безалкохолни пијалаци за 0.1 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2022 година, во однос на истиот месец од претходната
година, е зголемен за 17.1 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – ноември 2022 година, во однос на
истиот период од минатата година, е зголемен за 11.9 %, додека во однос на декември 2021 година, е зголемен за
10.4 %.