Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Активно население во Република Северна Македонија во 2023 година

среда, 20 март 2024


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, активното население во Република Северна
Македонија изнесува 791 647 лица, од кои вработени се 688 296, а 103 351 лице е невработено.
Стапката на активност во овој период е 52.3, стапката на вработеност 45.4, додека стапката на невработеност
изнесува 13.1.
Резултатите во соопштението не се споредливи со претходните години поради имплементацијата на новата
Регулатива (ЕУ) бр. 2019/1700 на Европскиот парламент и Советот, како и соодветната извршна регулатива на
Комисијата (ЕУ) бр. 2019/2240 во областа на работната сила, поради што Регулатива (ЕЗ) бр. 577/98 е укината.
Примената на новата регулатива предизвика промени во истражувањето, вклучувајќи ги промените во дизајнот на
прашалникот, редоследот на прашањата, преместување и додавање нови прашања, како и промени во опфатот и
дефинициите за вработеност и невработеност.
По извршената анализа е утврдено дека промените имаат влијание врз работоспособното и неактивното население
поради промената на возраста (од 15 до 79 на 15 до 89 години), додека кај активното население промени не се
забележани. Споменатите промени предизвикаа прекин на временските серии на податоци за работоспособното и
неактивното население.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика