+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна За Државниот завод за статистика
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


 

Годишен извештај

Во согласност со членот 21, став 1 од Законот за државната статистика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/97, 21/07, 51/11, 104/13, 42/14, 192/15, 27/16, 83/18, 220/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/20), Државниот завод за статистика (во натамошниот текст: ДЗС) подготви Годишен извештај за работата и за реализацијата на Програмата за статистички истражувања за периодот 2018 – 2022 година во 2021 година, од аспект на спроведените статистички истражувања од страна на ДЗС, но и од страна на овластените носители што, според Програмата, спроведуваат статистички истражувања.

Извештајот се состои од пет делови, од кои четири се однесуваат на активностите на ДЗС, а еден дел ги опфаќа активностите на овластените носители, од аспект на реализацијата на статистичките истражувања од Програмата за кои се надлежни.

Во првиот дел од Извештајот е опфатено институционалното опкружување на ДЗС и во него се содржани податоци за административните капацитети (човечки и финансиски ресурси, стручно усовршување на вработените, внатрешна ревизија, Совет за статистика и Координативен комитет), статистичката инфраструктура, информатичката инфраструктура и активностите поврзани со дисеминацијата на податоците на ДЗС во 2021 година.

Во вториот дел од Извештајот се прикажани податоците за реализираните активности на ДЗС од аспект на статистиките по сектори, односно од Секторот за деловни статистики, Секторот за земјоделски статистики и статистики на животната средина, Секторот за социјални статистики, Секторот за пазар на трудот и Секторот за национални сметки.

Во третиот дел од Извештајот се дадени информации за европската интеграција и меѓународните активности. Тој ги содржи активностите реализирани во 2021 година на планот на следењето на европските стандарди и меѓународната активност. Државниот завод за статистика ја реализира својата меѓународна активност со непосредно учество во процесот на европската интеграција на земјата, како и со учество во повеќе меѓународни проекти кои се реализираа во рамките на странската помош што му беше обезбедена на ДЗС.

Четвртиот дел од Извештајот содржи информации и податоци за предизвиците со кои се соочуваше ДЗС во 2021 година.

Петтиот дел од Извештајот содржи краток осврт за координацијата на статистичкиот систем на земјата и за реализацијата на Програмата за статистички истражувања од страна на овластените носители во статистичкиот систем: Народната банка на Република Северна Македонија, Министерството за финансии, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Управата за хидрометеоролошки работи и Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија.

 
Преземете го Годишниот извештај на следниот линк: Годишен извештај 2021

Годишен извештај 2020

Годишен извештај 2019

Годишен извештај 2018

Годишен извештај 2017

Годишен извештај 2016

Годишен извештај 2015

Годишен извештај 2014

Годишен извештај 2013

Годишен извештај 2012

Годишен извештај 2011

Годишен извештај 2010


     

© Државен завод за статистика