+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна За Државниот завод за статистика
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


 

 Стратегија 2022-2024

Основен документ со кој се уредуваат стратегиските приоритети на Државниот завод за статистика во периодот од 2022 до 2024 година е Стратегискиот план на Државниот завод за статистика, 2022 – 2024. Реализацијата на дефинираните програми и потпрограми треба да обезбеди: 

  • Извршување на обврските на Државниот завод за статистика дефинирaни во Петгодишната програма за статистички истражувања, 2018 – 2022 и
  • Реализирање на стратегиските приоритети на Владата на Република Северна Македонија поврзани со интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ, односно реализирање на обврските од Националната програма за усвојување на европското законодавство (НПАА).

При подготовката на Стратегискиот план, целосно се почитувани: Законот за државната статистика и Петгодишната програма за статистички истражувања, 2018 – 2022.

Покрај тоа, земени се предвид и релевантните документи од Европската комисија, со кои се дефинираат стратегиските приоритети на Европскиот статистички систем и според кои се следи прогресот на Државниот завод за статистика. Земени се предвид препораките од партнерското оценување (Peer Review) на Европската комисија за напредокот во имплементацијата на Кодексот за работа на европската статистика, и препораките од редовните годишни мисии на Евростат (Статистичка служба на Европската комисија), препораките од годишниот извештај на Европската комисија за оценка на напредокот на Поглавјето 18 − Статистика во однос на хармонизацијата со ЕУ- стандардите.  

 

 Документот можете да го преземете на следниот линк: Стратегиски план 2022-2024

Годишен план за работа за 2020 година

 Претходни стратегиски планови:


     

© Државен завод за статистика