Skip Navigation LinksНасловна За Државниот завод за статистика
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


 

Програма за статистички истражувања

 

Програмата за статистички истражувања 2023 – 2027 година е шеста петгодишна програма донесена во Република Северна Македонија од донесувањето на Законот за државната статистика.

Целта на Програмата е:

  • Да се обезбеди рамка за статистичко производство, односно да се утврдат статистичките истражувања што ќе се спроведат во дадениот петгодишен период, со дефинирани основни елементи на истражувањата.
  • Да се информираат корисниците (органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, деловните субјекти, научната заедница, медиумите, меѓународните институции и пошироката јавност) за податоците кои ќе бидат произведени како официјална статистика од ДЗС и другите овластени органи.

Програмата се базира на:

  • Барањата/потребите на корисниците на локално/национално и меѓународно ниво.
  • Барањата на различните национални/регионални/меѓународни стратегии и програми.
  • Барањата што произлегуваат од процесот на европска интеграција.
  • Барањата од различни меѓународни организации (Обединети нации, Светска банка, ММФ, ОЕЦД, итн.).

Официјалните статистички податоци во доменот на демографијата, економијата, финансиите, социјалната сфера, земјоделството и животната средина ќе бидат основа за:

  • Донесување одлуки во сите сфери на економската, социјалната и други дејности на Владата на Република Северна Македонија, надлежните министерства и други државни органи на централно и на локално ниво.
  • Донесување одлуки од страна на менаџерите во приватниот и во јавниот сектор.
  • Поддршка на научното истражување како главна движечка сила на развојот.
  • Обезбедување споредливи податоци за развојот на државата во споредба со другите држави во регионот, земјите членки на Европската Унија и земјите кандидати, како основа за приближување на Република Северна Македонија кон Европската Унија.
  • Усогласување на статистичкиот систем на Република Северна Македонија со Европскиот статистички систем (ЕСС).
  • Оценка на странските инвеститори за можностите и исплатливоста на инвестициите во сферите на нивниот интерес во Република Северна Македонија.
 
Документот можете да го преземете: Петгодишна програма 2023-2027
Архива

     

© Државен завод за статистика