Методолошко објаснување за соопштението:
Анкета за мислењето на потрошувачите
Цел на анкетата
Целта на Анкетата е да ги следи потрошувачките тенденции и очекувањата за општиот економски правец, размислувањата за невработеноста, развојот на пазарот со цел да се следи нивното потрошувачко однесување, како и нивните очекувања и оттаму да се одредат месечните тенденции на потрошувачите на краток рок.
Дизајн на примерокот
Рамка за примерокот во Анкетата за мислењето на потрошувачите се податоците од Пописот 2002 и тоа од сите пописни кругови во Република Македонија кои имаат повеќе од 35 домаќинства.
Примерокот за Анкетата за мислењето на потрошувачите е дизајниран како стратифициран, двоетапен случаен примерок.
Оценките во Анкетата за мислењето на потрошувачите, генерално се во форма на баланси.Балансите претставуваат разлика помеѓу позитивните и негативните одговори изразени како процент.
Единици на набљудување
Eдиници на набљудување се домаќинствата на целата територија на Република Македонија.
Извештаен период на анкетирање
Анкетата се спроведува од 1 до 15 секој месец на база на примерок од 1002 домаќинства.
Последно ажурирање:
11.02.2011
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Деловни тенденции
|
© Државен завод за статистика