Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


          
 



Растително производство

Податоците за растителното производство на земјоделските претпријатија и земјоделските задруги се прибираат со редовни годишни статистички истражувања. Извештаите за земјоделските претпријатија и земјоделските задруги се базираат врз книговодствена и друга евиденција. За индивидуалните земјоделски стопанства податоците се прибираат со проценка што ја извршуваат статистички проценители.

Статистиката на растителното производство го опфаќа користењето на земјиштето, производството на жита, индустриски и фуражни култури, зеленчук и производството на други нивски култури што влегуваат во оваа област. Статистиката на растителното производство го опфаќа и производството на овошје и грозје.

 
 




Клучни показатели
 
  Обработлива површина  ( 2021) : 517 илј. хектари

  Земјоделска површина  ( 2021) : 1260 илј. хектари

  Ораници и бавчи  ( 2021) : 417 илј. хектари

Временска серија





Поими и објаснувања

Земјоделска површина претставува збир од површините под ораници, овоштарници, лозја, ливади и пасишта.

Обработлива површина претставува збир од површините под ораници, овоштарници, лозја и ливади.

Ораници се површини засадени со жита, индустриски, фуражни култури, зеленчук и земјиште оставено незасеано привремено (помалку од 5 години).


 


© Државен завод за статистика