Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


          
 



Цени

Цените претставуваат паричен облик на вредностите на стоките и на услугите изразени во пари. Податоците за движењата на цените претставуваат многу значаен инструмент на економската политика и имаат големо значење во целокупниот развој на стопанството на државата. Движењата на цените се предмет на статистичко набљудување со цел да се обезбедат податоци неопходни за водењето на ваквите политики.

Со користење на репрезентативниот метод, статистиката на цените обезбедува податоци што го прикажуваат реално општото движење на цените на пазарот во определено време и простор.

Динамиката на цените се набљудува во стоковниот промет на пократки периоди од една година (месечно, квартално, полугодишно).

Промените на цените се изразуваат во релативни вредности, т.е. во индекси со кои се следи тенденцијата на таквите промени (пораст, опаѓање).

Статистиката на цените ја следи динамиката на:
- продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар,
- продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари,
- продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно,
- цените во угостителството,
- цените на мало и на трошоците на животот, како и на трошоците на животот според класификацијата COICOP
- цените во земјоделството,
- цените на земјоделските производи на зелените пазари, пазарите на големо и на добиточните пазари.

Во рамките на статистиката на цените, освен движењето на цените, се следи и движењето на вредноста, при што како предмет на проучување се јавуваат:
- трошоците во градежништвото,
- откупот и реализацијата на земјоделските производи.

 
 




Клучни показатели
 
  Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар  ( 09.2024/08.2024) : 100.5

  Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар  ( 09.2024/09.2023) : 104.8

  Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари  ( 08.2024/07.2024) : 100.6

  Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари  ( 08.2024/08.2023) : 102.4

  Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно  ( 08.2024/07.2024) : 100.5

  Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно  ( 08.2024/08.2023) : 103.0

  Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување  ( II.2024/II.2023) : 93.2

  Индекс на цените во угостителството  ( 09.2023 / 09.2022) : 106.2

  Индекс на цените во земјоделството - инпут  ( 09.2024 / 09.2023) : 95.1

  Индекс на цените во земјоделството - aутпут  ( 09.2024 / 09.2023) : 113.1

  Индекс на цените на мало  ( 08.2024/07.2024) : 100.5

  Индекс на трошоците на животот  ( 08.2024/ 07.2024) : 100.5

  Индекс на трошоците на животот  ( 08.2024/ 08.2023) : 102.2

Временска серија





Поими и објаснувања

Продажната цена на производителите на индустриски производи продадени на домашниот пазар е цената според која производителот ги продава своите производи на редовните купувачи на домашниот пазар, во најголеми количества франко натоварено во вагон (камион) во местото на производителот.
Во оваа цена влегува регресот, ако продавачот, според прописите, го остварува, а од цената се одбива трговскиот рабат и попустот што продавачот му го одобрува на купувачот.
Во цената не се пресметани акциза и ДДВ.

Индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар ги мерат промените на нивото на цените на производителите на индустриски производи што се произведуваат во Македонија и се продаваат на домашниот пазар.

Продажната цена на производителите на индустриски производи/услуги продадени на странски пазари е цената според која производителот ги продава своите производи/услуги на редовните купувачи на странски пазари, во најголеми количества со клаузула FOB (free on board), што подразбира дека трошоците за транспорт и осигурување до македонската граница се вклучени во цената. Од оваа цена се одбива трговскиот рабат и попустот што продавачот му го одобрува на купувачот. Во цената не треба да се пресмета ДДВ.

Индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари ги мерат промените во нивото на цените на производителите на индустриски производи/услуги што се произведуваат во Македонија и се продаваат од производителите на странски пазари.

Индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно , ги мерат промените на нивото на цените на производителите на индустриски производи/услуги што се произведуваат во Македонија и се продаваат од производителите на домашниот пазар и на странски пазари.
Индексот е составен од две компоненти: индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар и индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари.

Индексот на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување е составен од две компоненти: индекс на трошоците за материјали и индекс на трошоците за вработени. Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или следење на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија што се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучување на градежните договори.
Цени на мало се цените по кои трговијата на мало, индивидуалните производители и вршителите на услугите им ги продаваат производите и услугите на крајните потрошувачи. Во цените е вклучен и ДДВ.

Трошоците за животот е посебен вид индекс на цени на мало, кој ја покажува промената на цената на производите и услугите за лична потрошувачка на домаќинствата.

Трошоци за животот според класификацијата COICOP ја покажуваат структурата на потрошувачката на домаќинствата, односно трошоците за храна, облека, домување, здравје, образование и сл., како важни индикатори за националната благосостојба. Нејзината примена ќе обезбеди широк спектар на компаративни податоци што се од општ интерес и се неопходни за меѓународна споредливост на податоците.




Цени на инпутот се цени што ги платиле земјоделските производители за купување на потребните средства и за извршените услуги, за направените инвестиции што им биле неопходни за непречено одвивање на земјоделското производство. Во вредноста не е вклучен данокот на додадената вредност.

Цени на аутпутот се цени по кои од земјоделските производители се откупуваат земјоделските производи што ги произвеле или се продаваат од сопствено производство на земјоделските претпријатија. Во вредноста не е вклучен данокот на додадена вредност.

Индексите на цените на инпутот и на аутптот во земјоделството се пресметуваат според Ласперовата формула, со фиксна база за пондери и за цени.


 







© Државен завод за статистика