Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


          
 



Регионални сметки

Регионалните економски сметки како потсистем на националните сметки имаат значителна улога во креирањето, имплементацијата и евалуацијата на регионалната политика и развојот. Релевантните и конзистентни економски податоци се основа за мерење на регионалните диспаритети во функција на редуцирање на економските и социјалните разлики меѓу регионите.

Сетот на регионалните сметки вклучува пресметка на два индикатора на ниво на региони: Бруто-додадена вредност како основа за пресметка на бруто-домашниот производ (БДП) и Инвестициите во основни средства (ИОС).

Податоците се пресметани согласно барањата на ЕСС 2010. Повеќе информации за примената на ЕСС 2010 се достапни на следниот линк.

 
 




Клучни показатели
 
  Бруто домашниот производ по глава на жител  ( 2022) : 438464 денари (претходни податоци)

  Најголемо учество во вкупниот БДП има Скопскиот регион  ( 2022) : 44.9 % - претходни податоци

  Најмало учество во вкупниот БДП има Североисточниот регион  ( 2022) : 4.8 % - претходни податоци

  Најголемо учество во вкупните инвестиции во основни средства има Скопскиот регион  ( 2022) : 51.2 % - претходни податоци

  Најмало учество во вкупните инвестиции во основни средства има Североисточниот регион  ( 2022) : 3.0 % - претходни податоци

Временска серија





Поими и објаснувања

Бруто–домашниот производ по пазарни цени е финален производ на производната активност на резидентните производни единици и претставува збир на бруто-додадената вредност од одделните институционални сектори или одделни дејности, по основни цени плус данокот на додадена вредност и царините, минус субвенциите на производите .

Бруто-додадената вредност по основни цени претставува основна категорија на бруто–домашниот прозвод и се дефинира како разлика меѓу бруто-вредноста на производството и меѓуфазната потрошувачка.

Инвестициите во основни средства во текот на извештајната година ја претставуваат вкупната вредност на набавките на основни средства намалена за отуѓувањата (продажбите) на основни средства во текот на пресметковниот период и зголемена за одредени додатоци на вредноста на непроизведените средства.


 


© Државен завод за статистика