Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


          
 



Транспорт и комуникации

ПАТНИЧКИ ПРЕВОЗ И ПАТЕН ТРАНСПОРТ
Патничкиот превоз опфаќа превоз на патници во меѓуградскиот и меѓународниот превоз, градско-приградскиот и такси-превозот, железничкиот и воздухопловниот превоз.

Податоците за бројот на регистрираните патни моторни возила, возила според видот и годината на производство, возила според видот на горивото, сообраќајни несреќи на патиштата, како и податоците за граничниот промет на патници, се преземени од Министерството за внатрешни работи.
Податоците за патната мрежа се преземаат од Агенцијата за државни патишта, додека податоците за локалната патна мрежа се добиваат од единиците на локалната самоуправа (општините).

ТОВАРЕН ПРЕВОЗ
Товарниот превоз опфаќа превоз на стоки во патниот, железничкиот и воздухопловниот превоз.

ВОЗДУХОПЛОВЕН ПРЕВОЗ
Податоците за воздухопловниот превоз се однесуваат на работата на аеродромите во Скопје и Охрид. Во статистиката на воздушниот сообраќај се набљудува комерцијалниот цивилен сообраќај, и опфаќа податоци за превозот на патници и стоки, прометот на аеродромите , регистар на воздухопловите и статистика за несреќите на воздухопловите.

ЦЕВОВОДЕН ТРАНСПОРТ
Податоците за цевоводниот транспорт се добиваат од деловните субјекти коишто според Националната класификација на дејностите вршат пренос на нафта и гас.

 
 




Клучни показатели
 
  Превезени патници во патниот патнички превоз  ( III.2024) : 1045 илјади

  Превезени патници во железничкиот превоз  ( III.2024) : 59 илјади

  Превезени стоки во железничкиот превоз  ( III.2024) : 194 илј. тони

  Превезени стоки во товарниот патен превоз  ( III.2024) : 19 360 илј. тони

  Превезени патници во воздухопловниот превоз  ( III.2024) : 975 101

Временска серија





Поими и објаснувања

Патник во патен сообраќај е секое лице кое набавило возен билет или соодветна возна исправа и влегло во автобус со цел да се превезе до определено место.

Патник во железнички сообраќај е секое лице кое што за патување користи железничка кола, освен екипажот на колата.

Патник во воздухопловен сообраќај е секое лице кое што за патување користи воздухоплов, освен екипажот во кабината.

Превезени стоки во железнички сообраќај се сите стоки превезени со железнички коли.

Превезени стоки во патен сообраќај се сите стоки превезени со товарни возила.


 


© Државен завод за статистика