Евростат не работи сам. Уште од раните денови на Заедницата било очигледно дека одлуките за планирање и имплементација на политиките на Заедницата мораат да бидат базирани на веродостојни и споредливи податоци. Европскиот статистички систем (ЕСС) е изграден со цел да обезбеди споредливи податоци на ниво на ЕУ.
ЕСС претставува партнерство помеѓу статистичкиот авторитет на Заедницата, кој го сочинува Комисијата (Евростат), националните статистички институти и останатите национални авторитети одговорни за развој, производство и дисеминација на европските статистички податоци во секоја земја-членка. Ова партнерство, исто така, ги вклучува и земјите на ЕАА и ЕФТА.
Земјите-членки прибираат и изработуваат статистички податоци за националните потреби и за потребите на ЕУ. ЕСС функционира како мрежа во која улогата на Евростат е да го води хармонизирањето на статистиката во блиска соработка со националните статистички авторитети. Работата на ЕСС главно се концентрира на ЕУ политичките подрачја - но, со проширувањето на ЕУ политиките, хармонизацијата се проширила речиси на сите статистички подрачја.
ЕСС, исто така, ја координира својата работа со земјите-кандидати и на европско ниво
со останатите услужни дејности, агенции на Комисијата, Европската банка и меѓународните организации како ОЕЦД, ОН, ММФ и Светска банка.
ЕСС, преку својата веб-страница
, ги пласира и следните информации:
- Интересни информации кои се однесуваат на сите ЕСС партнери, како што се состаноци, најави за настани и конференции, можности за обуки, слободни места и публикации.
- Корпоративни податоци за партнерите на ЕСС, како што се нивната организациска структура, податоци поврзани со менаџментот и практични информации.
Најчесто барани табели
Европски статистички податоци
Како да пристапите до европскитe статистички податоци?
|