Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


          
 



Енергија

Детални, целосни, навремени и доверливи статистики се неопходни за следење на енергетската ситуација како на државно, така и на меѓународно ниво. Енергетските статистики за снабдување, трговија, залихи, трансформација и побарувачка се вистинска основа за донесување решенија при водење на енергетските политики во државата.

Енергетските статистики се прибираат со цел да се изработат енергетски биланси во кои се содржани податоците за производството, трансформацијата и распределбата на енергентите и видовите енергии по сектори.

Во енергетските статистики се претставени примарните извори на енергија што преку процесот на трансформација создаваат енергија потребна за крајните корисници во економијата и во секојдневниот живот.

 
 




Клучни показатели
 
  Финална потрошувачка на електрична енергија во домаќинствата по жител - претходни податоци ( 2023) : 1638.9 kWh - пртходни податоци

  Учеството на хидропроизводството во однос на вкупното бруто-производство на електрична енергија - претходни податоци ( 2023) : 23.6 % - претходни податоци

  Учество на домашното производство во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија - претходни податоци ( 2023) : 97.9 % - претходни податоци

  Учество на цврстите горива во вкупно потребната енергија - претходни податоци ( 2023) : 30.1 % - претходни податоци

  Енергетската зависнoст - претходни податоци ( 2023) : 63.4 % - претходни податоци

Временска серија





Поими и објаснувања

Финална потрошувачка на електрична енергија е енергијата наменета за финалните корисници.

Бројот на население е податок што го претставува бројот на населението на средина на годината.

Бруто-производство на електрична енергија e збир од произведена електрична енергија од хидроцентрали и од термоцентрали.

Нето-увозот претставува разлика помеѓу увозот и извозот на енергентите во и од земјата.

Енергетска зависност е однос меѓу нето-увозот и вкупно потрeбната енергија, и го покажува степенот на зависност на државата од увоз на енергенти.

Вкупно потрeбната енергија го претставува количеството енергија потрошена во државата и претставува збир од бруто-примарното производство, нето-увозoт и салдотo на залихи.

Бруто-домашна потрошувачка на електрична енергија = вкупно бруто - производство + увоз - извоз


 


© Државен завод за статистика