Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Одржлив развој
Одржливиот развој, како глобален концепт, претставува предизвик со кој се соочува секој човек, држава, светот воопшто, сè со единствена цел да се обезбеди континуиран напредок на квалитетот на животот и благосостојба на државата и да се обезбеди одржлив развој за сегашните без да се загрози можноста за задоволување на потребите на идните генерации.
Неодржливите трендови во однос на климатските промени, употребата на енергијата, сиромаштијата и социјалната исклученост, демографскиот притисок и стареењето, заканите кон јавното здравство, користењето на природните ресурси, загубата на биодиверзитетот, се процеси што имаат карактер на ургентност. Должност на сегашните генерации е да го зачуваат капацитетот на планетата за поддршка на животот во целокупниот диверзитет и да обезбедат одржлив развој.
Остварувањето на оваа цел значи создавање на економија со полна и висококвалификувана вработеност, квалитетна здравствена заштита, социјална и територијална кохезија, како и заштита на животната средина.
Основна цел на ревидираната стратегија е воспоставување на сет на мерки и активности со кои ќе се овозможи континуирано подобрување на животот на сегашните и идните генерации преку создавање на одржливи заедници способни да управуваат и ефикасно да ги користат природните ресурси како и да го развиваат еколошкиот и социјалниот иновативен потенцијал на економијата со што ќе се обезбеди економски просперитет, заштита на животната средина и социјална кохезија.
Прогресот во реализацијата на поставените цели на одржливиот развој се следи преку сет на индикатори, дефиниран од страна на Европската комисија.
Имајќи го предвид глобалното значењето на одржливиот развој, Државниот завод за статистика направи напори да ги пресмета и да ги обедини на едно место расположливите индикатори во статистичкиот систем на Република Македонија, а во функција на одржливиот развој. Станува збор за индикатори со повеќестран карактер кои ја одразуваат економската, социјалната, еколошката и, во извесна мера, институционалната димензија на одржливиот развој.
Индикаторите само го покажуваат трендот во одредена област без да прејудицираат дали тој е одржлив или не.
|
Поими и објаснувања
|
Бруто-домашниот производ , како мерка за економската активност, е дефиниран како разлика меѓу вредноста на произведените стоки и услуги и употребените производи и услуги за нивно создавање. Стапката на реален пораст на БДП по жител е пресметана од вредностите изразени по постојани цени (2005), со цел да се прикажат само волуменските движења, односно да се елиминира влијанието на инфлацијата врз стапката на пораст. Енергетската интензивност се пресметува како сооднос меѓу бруто-потребната потрошувачка на енергија (изразена во килограми на еквивалент на нафта ) и БДП (по постојани цени од 2005, во евра). Стапка на сиромаштија, по социјални трансфери -процент на лица кои живеат под линијата на сиромаштија, дефинирана како 60% од медијалниот еквивалентен приход ( пред или после социјалните трансфери) . Стапка на вработеност на лица на поголема возраст - % на вработени лица на лица на возраст од 55-64 години во однос на вкупното работоспособно население од истата возрасна група. Индикаторот е пресметан врз основа на податоците од Анкетата за работната сила.
|
Соопштенија
|
Класификации
|
Сродни линкови
|
© Државен завод за статистика