Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


          
 



Пазар на труд

Податоците за економски активното население, вработеноста и невработеноста се основните статистички информации неопходни за следење на промените на пазарот на трудот. Државниот завод за статистика спроведува активности за градење на системот на информации за пазарот на трудот како предуслов за негова систематска анализа и оценка. Во таа насока, почнувајќи од 1996 година, се спроведува и Анкетата за работната сила.

Статистичкото истражување за вработени и плати има цел да обезбеди податоци за бројот на вработените и за платите во државата, заради задоволување определени потреби на корисниците, а особено за утврдување и следење на макроекономската политика на државата.

Воспоставувањето сеопфатен статистички информативен систем за пазарот на трудот е една од приоритетните развојни цели на Државниот завод за статистика.Податоците за платите и за останатите трошоци, земени како трошок на работодавецот за вработените,а не како примања на вработените, се едни од основните статистички информации неопходни за следење на промените на пазарот на трудот. За да се обезбедат овие информации, се спроведува Анкетата за цената на трудот во Република Македонија. Во публикацијата се објавени резултатите од оваа Анкета и се презентирани податоци за целокупните издатоци на работодавецот направени за вработените по одделни видови издатоци и според видовите сопственост (приватна и друга) што, според наша оценка, може корисно да послужат за анализа на одделни појави и прашања во областа на пазарот на трудот.
 
 





Клучни показатели
 
  Активно население  ( II.2024) : 790 152

  Вработени  ( II.2024) : 691736

  Невработени  ( II.2024) : 98416

  Стапка на вработеност  ( II.2024) : 45,6 %

  Просечна месечна нето плата  ( 07.2024) : 40 961 денари

  Индекс на просечната месечна нето плата  ( 07.2024/07.2023) : 112.9

  Просечна месечна бруто плата  ( 07.2024) : 61 569 денари

  Индекс на просечната месечна бруто плата  ( 07.2024/07.2023) : 113.1

  Просечни издатоци на работодавците  ( 2008) : 318273 денари

  Стапка на слободни работни места  ( III.2016) : 1.27 %

  Стапка на невработеност  ( II.2024) : 12.5 %

Временска серија





Поими и објаснувања

Работодавци се лица што се сопственици или управуваат со деловните субјекти и единиците во состав во приватна и во друга сопственост и кои вработуваат други лица.

Вработени се лицата што засновале работен однос на неопределено или на определено време и кои добиле надоместок независно од типот на работното време (вработени со цело работно време, скратено работно време што работат во деловните субјекти и единиците во состав во приватна и во друга сопственост).

Вработени со цело работно време се лицата што засновале работен однос на неопределено или на определено работно време и кои добиле надоместок според одработените часови во целото работно време пропишано како заеднички потрошено цело работно време од работодавците и според колективниот договор.

Цело работно време се одработените часови во работното време, пропишано како цело работно време од работодавците и според колективниот договор.

Вработени со скратено работно време се лицата што засновале работен однос на неопределено или на определено работно време и кои добиле надоместок според одработените часови во скратеното работно време пропишано како работно време помало од заеднички потрошеното работно време (половина ден, 3/4 од работното време, 4/5 од работното време итн.) од деловниот субјект и според колективниот договор.

Скратено работно време се одработените часови во работното време пропишано како работно време помало од заеднички потрошеното работно време во деловниот субјект (половина ден, 3/4 одработното време, 4/5 од работното време итн.) според колективниот договор.

Вработени со скратено работно време претворени во единици со цело работно време - оваа конверзија се изведува врз основа на нормалните работни часови на вработените што работат со цело работно време во деловниот субјект за време на односната година.

Платата во вкупен износ (бруто-плата), намалена за вкупниот износ на придонесите и износот на персоналниот данок, претставува нето-плата.

Вкупно исплатените нето-плати опфаќаат:
а) исплатени нето-плати за извештајниот месец за работа во целото работно време, пократко од целото и подолго од целото работно време (прекувремена работа), надоместоци на нето-платата од средствата на деловниот субјект за годишен одмор, државни празници, платено отсуство до седум дена, платено отсуство за стручно образование, за боледување до 21 ден и сл., надоместоци на нето-платата на товар на други работодавци за време поминато на вежба по покана на надлежен државен орган, цивилна заштита и сл., надоместоци за нето-платата за поранешни месеци целосно исплатени во текот на извештајниот месец (заостанати исплати),
б) исплатени нето-плати по периодична пресметка и завршна сметка и врз основа на распределба на добивка, без оглед на тоа на кој период се однесуваат.

Вкупно исплатените бруто-плати (плата во вкупен износ)опфаќаат: исплатени нето-плати за извештајниот месец, платен персонален данок и платени придонеси за пензиско и за инвалидско осигурување, за здравствено осигурување, за вработување и за професионално заболување.


 


© Државен завод за статистика