Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


          
 



Структурни деловни статистики

Структурните деловни статистики (СДС) ја прикажуваат структурата на дејностите што се вршат во една економија со следење на работењето и на резултатите од работењето на деловните субјекти во конкретната дејност. Со СДС се обезбедуваат индикатори со кои може да се анализираат: структурата и развојот на дејностите што ги вршат деловните субјекти (број на новосоздадени претпријатија, дистрибуција на производствената вредност, додадена вредност, вработеноста и слично во различните дејности, прометот, додадената вредност, бруто-деловниот вишок и сл.), како и употребените фактори за производство (број на вработените, средствата за вработените, инвестициите во материјални добра) и и другите елементи што ќе овозможат да се добијат податоци со кои ќе бидат измерени работењето и ефикасноста на деловните субјекти

Со тоа се овозможува следење на работењето и на структурните промени на деловните субјекти, што претставува основа за пазарни анализи и за донесување деловни одлуки, а воедно претставува и основа за оцена на основните макроекономски показатели.

 
 




Клучни показатели
 
  Број на активни претпријатија во нефинансискта деловна економија  ( 2022) : 66830

  Број на вработени лица во нефинансискaта деловна економија  ( 2022) : 435468

  Промет во нефинансисктaа деловна економија  ( 2022) : 2056948 мил. денари

  Додадена вредност по фактор на трошок на производство  ( 2022) : 388623 мил. денари

Временска серија





Поими и објаснувања

Бројот на претпријатија - вкупен број на регистрирани правни или физички лица што биле активни барем во еден дел од референтниот период.

Бројот на вработени - како број на лица што склучиле договор за работа и добиваат плата или друг вид надоместок од работодавецот.

Прометот се дефинира како вкупна фактурирана вредност на продадените производи, стоки и услуги продадени на трети лица што не го содржи данокот на додадена вредност. Финансиските, вонредните и останатите приходи не се вклучени во прометот.

Додадена вредност по фактор трошок на производството претставува бруто-приход од работењето на деловните субјекти по коригирањето со субвенциите и индиректните даноци. Во пресметката на додадената вредност се вклучува вредноста на производството и субвенциите, намалена за даноците на производи и производство и вредноста на меѓуфазната потрошувачка што ги опфаќа трошоците за материјали, производни и непроизводни услуги и дел од останатите лични расходи. Приходите и расходите класификувани како финансиски се исклучени од додадената вредност.


 







© Државен завод за статистика