Поими и објаснувања
|
Индивидуалните земјоделски стопанства претставуваат економски единици на земјоделското производство што ги исполнуваат следните услови: - користат земјоделска површина од 1000 м2 или повеќе или - користат земјоделско земјиште помало од 1000 м2 или воопшто не користат, но поседуваат одреден минимален број добиток, живина или пчелни семејства и тоа: • 1 крава и 1 теле или • 1 крава и 1 јуне или • 1 крава и две пораснати грла ситен добиток или • 5 пораснати овци или кози или • 3 пораснати свињи или • 4 пораснати овци или кози и свињи заедно или • 50 броја порасната живина или • 20 пчелни семејства. По исклучок се опфатени и домаќинствата што имаат земјоделско производство, но не ги исполнуваат условите за индивидуално земјоделско стопанство ако земјоделското производство е единствен извор на приход за тие домаќинства. Користено земјоделско земјиште Под поимот користено земјоделско земјиште се подразбира земјиште што се користи за одгледување земјоделски култури. Тоа претставува збир од површините на користени ораници и бавчи, куќни градини, овоштарници, лозја, ливади, пасишта и расадници на земјоделско земјиште. Лозја Лозја се површини на кои се одгледуваат пенушки винова лоза (трпезни и вински сорти) со вообичаено растојание на одгледување за одредена сорта.Трпезните сорти се наменети за исхрана на населението во свежа состојба, а винските сорти се наменети за преработка во вино, ракија и други преработки од грозје. Податоците се однесуваат на вкупниот и на родниот број пенушки, како и на вкупната површина под лозја. Во вкупен број пенушки на винова лоза се вклучени сите пенушки на винова лоза, без разлика на староста. Родни пенушки се оние што се способни да дадат род во текот на годината, независно дали имале род во тековната година. Добиток по видови и по категории Добитокот е опфатен по видови и по категории без оглед на тоа дали во времето на Пописот е сместен на индивидуалното земјоделско стопанство/деловниот субјект или на друго место. Со Пописот беа опфатени коњите, говедата, овците, козите, свињите, живината, зајаците и пчелните семејства. Членови на домаќинствата што работат на индивидуалните земјоделски стопанства Со Пописот беа опфатени и членовите на домаќинствата што работат на индивидуалните земјоделски стопанства. Лицата на возраст од 15 години и повеќе што работат на индивидуалните земјоделски стопанства, се класификувани според школскатаподготовка, возраста и полот. Под школска подготовка се подразбира видот на школата со чие завршување лицето стекнало највисок степен на образование. Видот на активноста претставува описно определување на носителот, односно на членот на домаќинството, дали работата наземјоделското стопанство му претставува: единствена активност, главна активност итн. Наводнувани површини Наводнувани површини се оние што се наводнувани најмалку еднаш во периодот од 01.06. 2006 до 31.05. 2007. Податоците се однесуваатна вкупната наводнувана површина и на наводнуваната површина по групи посеви (жита, индустриски култури, зеленчук, фуражни култури, овоштарници, лозја, ливади и други).
|