+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Учество на македонска делегација на состанокот на Експертската група за пописи на население и домаќинства, 21-23.09.2022, Женева
четврток, 22 септември 2022

 

Во периодот од 21 до 23 септември, во седиштето на Економската комисија за Европа на Обединетите нации во Женева, се одржува годишен состанок на Експертската група за пописи на население и домаќинства. Државниот завод за статистика има своја делегација на овој состанок предводена од директорот, г. Апостол Симовски. Во рамките на сесијата „Научени лекции од пописите на население околу 2020 година“, а по покана на организаторот, директорот на Државниот завод за статистика имаше презентација за искуството со примената на комбинираниот метод на спроведување на попис во Република Северна Македонија.

Учеството на состаноците на оваа експертска група им овозможува на учесниците да разменат искуства, да го зголемат знаењето за планирање и спроведување на пописи на население, како и да ја унапредат примената на Препораките за Пописи на население и домаќинства на Конференцијата на европски статистичари. Ова резултира со зголемен капацитет на земјите да планираат и спроведат нивни национални пописи на население и домаќинства, и да произведуваат меѓународно споредливи податоци.

 




© Државен завод за статистика