Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


          
 



Територијални единици

Во оваа област се претставени податоци за просторните единици како важен сегмент во планирањето и спроведувањето на статистичките истражувања, обработката на податоците, анализата и објавувањето на резултатите.

Номенклатурата на територијални единици - НТЕС е заснована врз територијалната организација на локалната самоуправа во Република Северна Македонија и е усогласена со класификацијата на Европската унија Nomenclature of Territorial Units for Statistics – NUTS, утврдена со Регулативата 1059/2003.

Основната цел на класификацијата НТЕС е да обезбеди единствена и унифицирана поделба на територијалните единици на регионално и на локално ниво. НТЕС е основа за прибирање, обработка и публикување на регионална статистика и се користи за планирање и водење на регионалната политика во Република Северна Македонија.

Номенклатурата НТЕС има 5 нивоа и тоа:

- на НТЕС ниво 1 и НТЕС ниво 2 територијата на Република Северна Македонија е една единица - соодветствува на NUTS 1 и NUTS 2.

- на НТЕС ниво 3 се статистички региони (8 единици) - соодветствува на NUTS 3

- на НТЕС ниво 4 се општините (80 единици) - соодветствува на унија LAU 1 и

- на НТЕС ниво 5 се населените места (1792 единици) - соодветствува на LAU 2.

Заради хиерархискиот карактер на Номенклатурата, деловите од подрачјата на 10-те скопски општини што го сочинуваат Скопје како населено место се посебни единици на НТЕС ниво 5.

Владата на Република Македонија ја усвои Номенклатурата на територијални единици за статистика - НТЕС во декември 2007 година ("Службен весник на Република Македонија" бр. 158 од 28.12. 2007 година). Од тогаш се направени измени во 2014 година ("Службен весник на Република Македонија" бр. 10 од 20.01. 2014 година) и во 2019 година (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 131 од 27.06.2019 година).
Статистички региони и општини во Република Северна Македонија Градови во Република Северна Македонија

 
 




Клучни показатели
 
  Вкупна површина  ( 01.01.2021) : 25436 км2

  Број на општини  ( 01.07.2019) : 80

  Број на населени места  ( 01.07.2019) : 1783

  Број на градови  ( 01.07.2019) : 34

  Број на села  ( 01.07.2019) : 1749

Временска серија





Поими и објаснувања

Согласно со Законот за територијалната организација:

Град
е населено место што има повеќе од 3000 жители, има развиена структура на дејности, а над 51% од вработените се надвор од примарните дејности; има изградена урбана физиономија со зони за домување, стопанство, рекреација и јавно зеленило, плоштад, изграден систем на улици и комунални служби и претставува функционално средиште на населените места во опкружувањето.

Село е населено место со еднофункционално значење во кое превладува една дејност, а атарот е со аграрна физиономија и функција.

Градовите и селата се утврдуваат со закон.


 


© Државен завод за статистика