Skip Navigation LinksНасловна За Државниот завод за статистика
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


 
Меѓународни проекти
 
Тековни проекти
 
 
 

Повеќекорисничката програма за статистичка соработка ИПА 2019

 

Времетраење: 01.09.2021 – 31.03.2024

 

Опис: Главните цели на проектот се:

 

- Да го поддржи процесот на хармонизирање на производството на статистики во земјите кориснички за идно членство во ЕУ со усогласување на нивните сегашни методологии и резултати со законодавството на ЕУ и приближување на нивната интеграција во Европскиот статистички систем

- Да се интензивираат напорите за подобрување на квалитетот на статистичката информација и да се зајакне довербата во методите и професионализмот, што ќе обезбеди неоспорни статистички податоци за креаторите на политиката и меѓународната заедница.

Повеќе: Статистички проекти во Повеќекорисничката програма за статистичка соработка ИПА 2019

Статистички проекти во Повеќекорисничката програма за статистичка соработка ИПА 2019

Грант-договор:

 

Статистики на владини финансии и Процедура за прекумерен долг;

Статистика на надворешна трговија со услуги;

Хармонизиран индекс на трошоците за живот;

Статистики на цени – Паритет на куповна моќ;

Краткорочни деловни статистики;

Статистика на надворешна трговија со стоки;

Сметки за животна средина и шумарство;

Управување со квалитет.

Договор за услуги:

 

Национални сметки - методологија

Програма за трансмисија, годишни национални сметки, квартални национални сметки и извештаи за квалитет;

Секторски сметки

Табели за понуда и употреба, и input-output табели

Комуникација

 

Национален проект на Шведската статистика и ДЗС „Зголемена достапност и употреба на официјална статистика во Република Северна Македонија“

Времетраење: 01.02.2020 – 30.06.2023

Опис:

Развојна цел на проектот е зголемување на довербата кај корисниците на статистичките податоци во Република Северна Македонија.

Проектна цел е зголемена достапност и употреба на официјална статистика во Република Северна Македонија.

 

Проектот ги содржи следните компоненти:

Компоненета 1 - Подобрена ефикасност на процесот на производство на статистика

-              Подобрување на ефикасноста на процесот на производство на статистики преку развивање на модернизирана рамка за планирање и мониторинг.

-              Развој на формат за известување врз основа на рамката за планирање.

 

Компонента 2 - Подобрен опсег и квалитет на статистичко производство

-              Поддршка на ДЗС за развивање на Индекс на цени на услуги и Регистар на вработени.

-              Развивање на социјални и економски статистики со користење на административни податоци.

 

Компоненета 3 - Подобрена комуникација

-              Поддршка на ДЗС во подобрување на интеракцијата со корисниците на податоци преку:

o             Развивање на Комуникациска стратегија (надворешна комуникација)

o             Развивање на Стратегија за социјални медиуми

o             Развивање на внатрешна комуникациска стратегија

o             Редизајн на веб страницата на ДЗС

 

Компонента 4 - Подобрена ефикасност за управување со човечките ресурси

-              Подобрување на состојбата со човечките ресурси во ДЗС и зголемена мотивираност кај вработените.

-              Развивање на материјал за обука на нововработени лица.

-              Обука на обучувачи (млади колеги од стручните одделенија и од одделенијата за поддршка на работниот процес).

-              Обука на високиот менаџмент (раководство и раководители на сектори).

-              Обука на средниот менаџмент (раководители на одделенија).

-              Спроведување на анкета за задоволство на вработените.

-              Зголемено знаење за ефикасноста на работното место.

 

 
 
 
Завршени проекти  
 
Република Македонија добива поддршка од ЕУ за развивање на одржлив статистички систем хармонизиран со ЕУ уште од 1996 година преку сукцесивни инструменти за помош: PHARE (национална програма), CARDS и ИПА (национална и регионална програма).
Видете ги нашите тековни и завршени проекти. 

 
 
Повеќекорисничката програма за статистичка соработка ИПА 2017

Времетраење: 01.05.2019 – 31.10.2021

Опис: Главните цели на проектот се:

- Да го поддржи процесот на хармонизирање на производството на статистики во земјите кориснички за идно членство во ЕУ со усогласување на нивните сегашни методологии и резултати со законодавството на ЕУ и приближување на нивната интеграција во Европскиот статистички систем
- Да се интензивираат напорите за подобрување на квалитетот на статистичката информација и да се зајакне довербата во методите и професионализмот, што ќе обезбеди неоспорни статистички податоци за креаторите на политиката и меѓународната заедница.


Повеќе: Статистички проекти во Повеќекорисничката програма за статистичка соработка ИПА 2017


Статистички проекти во Повеќекорисничката програма за статистичка соработка ИПА 2017

Грант-договор:

Статистики на владини финансии и Процедура за прекумерен долг;
Статистика на надворешна трговија со услуги
Хармонизиран индекс на трошоците за живот и Индекс на домување;
Статистики на цени – Паритет на куповна моќ;
Краткорочни деловни статистики: подготовки за FRIBS;
Структурни деловни статистики- Бизнис-демографија;
Статистика на надворешна трговија со стоки
Статистика на криминал
Анкета за родово базирано насилство;
Сметки за животна средина;
Управување со квалитет
Изворни (основни) податоци неопходни за пресметка на индикаторите за процедурата за макроекономска неурамнотеженост


Договор за услуги:

Национални сметки - методологија
Програма за трансмисија, годишни национални сметки, квартални национални сметки и извештаи за квалитет;
Регионални сметки
Секторски сметки
Замјоделски статистики
 

Национална програма ИПА 2017

Унапредување на производството и дисеминацијата на статистичките податоци


На 29.03.2019 во Инфо Центарот на ЕУ беше организиран настан со којшто се одбележа официјалниот почеток на проектот финансиран од ЕУ за „Унапредување на производството и дисеминацијата на статистичките податоци”.

Проектот има за цел да го подобри квалитетот и достапноста на статистичките податоци во Република Северна Македонија и да го унапреди нивното користење во изработката и координацијата на јавните политики.

Во текот на наредните три години Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија ќе добие техничка помош, консултантска поддршка и совети за тоа како да се прилагодат на најдобрите практики и барања на законодавството на ЕУ во делот на статистиката. Целната група на проектот ги вклучува и другите институции коишто креираат статистички податоци, како што се Народната банка и Министерството за финансии, организациите што обезбедуваат податоци и корисниците на официјални статистички податоци.

Проектот се состои од 4 компоненти:
- Компонента 1: Дополнително усогласување со стандардите на ЕУ на полето на макро-економската статистика
- Компонента 2: Дополнително усогласување со стандардите на ЕУ на полето на деловната статистика
- Компонента 3: Дополнително усогласување со стандардите на ЕУ на полето на социјалната статистика
- Компонента 4: Дополнително подобрена инфраструктура на Информатичко-комуникациската технологија (ИКТ).
На овој настан присуствуваа директорите на НСИ Бугарија и на ДЗС на Република Северна Македонија, претставници на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија и на јавната администрација на Република Северна Македонија, како и на институциите кои се дел од статистичкиот систем на земјата.

Во рамки на презентациите и дискусиите во повеќе прилики беше нагласена важноста и значењето на подобрувањето на статистичкиот систем на Република Северна Македонија во согласност со законодавството на ЕУ, не само затоа што тоа е предуслов за започнување на преговорите по другите важни поглавја на законодавството на ЕУ, туку исто така бидејќи со тоа се поддржува подобро одлучување во однос на јавните политики засновано на цврсти докази.

Проектот е финансиран од Европската унија во рамки на ИПА II 2017 Програмата. Истиот ќе трае три години и ќе заврши во февруари 2022 година. Буџетот изнесува 1 648 500 евра.

Проектот ќе го спроведува Конзорциумот на БИМ Консалтинг и Националниот статистички институт (НСИ) на Бугарија. За повеќе информации стапете во контакт со г-ѓа Елена Славкоска на e.slavkoska@bim-bg.com .

 

 
 
Регионален проект Поттикнување на иновативниот капацитет на малите и средните претпријатија
 
 
 
Проектот, кој започна на 01.08.2017 година и ќе трае 24 месеци, односно до 31.07.2019, е дел од Транснационалната програма ИНТЕРРЕГ „Балкан-Медитеран 2014-2020“. Станува збор за регионален проект во кој се вклучени статистички заводи и невладини организации од земјите од регионот: Република Македонија, Бугарија, Албанија, Грција и Кипар. Во рамките на овој проект, Државниот завод за статистика има за цел да спроведе истражување за иновации и потоа, добиените статистички податоци ќе се искористат за потребите на проектот. Целта на овој проект е да се поттикне транснационалниот иновативен капацитет на малите и средните претпријатија, и да ги поддржи да формираат одржливи мрежи и иновативни кластери со други мали и средни претпријатија од регионот Балкан-Медитеран, со цел да разменат знаење и да развијат иновации преку наоѓање на партнери и обезбедување на малите и средните претпријатија со релевантни податоци, алатки и системи.
 
Повеќекорисничка програма за статистичка соработка ИПА 2015


Времетраење: 01.07.2017 - 31.10.2019

Опис: Главните цели на овој Проект се: 

- Да го поддржи процесот на хармонизирање на производството на статистики во земјите кориснички за идно членство во ЕУ преку усогласување на нивните сегашни методологии и резултати со законодавството на ЕУ и приближување на нивната интеграција во Европскиот статистички систем
- Да се интензивираат напорите за подобрување на квалитетот на статистичката информација и да се зајакне довербата во методите и професионализмот, што ќе обезбеди неоспорни статистички податоци за креаторите на политиката и меѓународната заедница.


Повеќе: Пилот-проекти во Повеќекорисничката програма за статистичка соработка ИПА 2015
 
 
Пилот-проекти во Повеќекорисничката програма за статистичка соработка ИПА 2015

Грант договор:

Статистики на владини финансии и Процедура за прекумерен долг
Хармонизиран индекс на трошоци за живот
Статистики на цени – Паритет на куповна моќ
Деловни регистри
Краткорочни деловни статистики: имплементација на упатствата и стандардите на Европскиот статистички систем
Транспортни статистики – статистики за патници и товарен транспорт
Статистики на туризам
Анкета за работна сила
Статистики за социјална заштита (ЕССПРОС)
Статистики на растително производство: Годишни статистики на растително производство и статистики за повеќегодишни култури
Статистики за добиточно производство
Ад хок проект за употребата на дополнителни информации во креирањето на примерокот и во фазата на процена на процесот на производство на статистички податоци
Ад хок проект за складиште на податоци за национални сметки – методолошки аспекти
Ад хок проект за подготовка на Попис на население и домаќинства 2021


Договор за услуги:

Методологија за национални сметки
Програма за трансмисија, годишни национални сметки, квартални национални сметки и извештаи за квалитет
Регионални сметки
Секторски сметки
Табели за понуда и употреба, и инпут-аутпут табели
Подготовка на Попис на население и домаќинства 2021
Управување со квалитет
Спроведување на стандарди за метаподатоци и размена на податоци
Изворни (основни) податоци неопходни за пресметка на индикаторите за процедурата за макро-економска неурамнотеженост
Индикатори за целите за одржлив развој
Индикатори за Југоисточна Европа 2020
 
  
 
Проект „Развој на наменски софтвер и база на податоци за економски статистики“

Проектот е започнат на 12.01.2018 година и ќе трае 22 месеци, т.е. до 11.11.2019 година и е целосно финансиран од Националната програма ИПА 2013.
На 27.03.2018 година, во 13 часот, во просториите на Инфоцентарот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, се официјализира отпочнувањето на проектот финансиран од ЕУ за „Развој на наменски софтвер и база на податоци за економски статистики“ од изведувачот „Comtrade system integration“ – Белград, во конзорциум со „Dynamic Consalting“ – Скопје.
Главната цел на овој проект е да се подобрат ИТ-способностите на Државниот завод за статистика при подготовката на националните сметки во согласност со ЕСС 2010. Ова ќе се постигне со развој и распоредување на системот врз база на податоци при подготовката на микроекономски статистики.
Фокус на овој проект е градењето на NAIMS (National Accounts Information Management System) со употреба на најдобрите практики од други статистики на ЕУ, како и на меѓународни стандарди и препораки.
Целта е да се направи нов систем NAIMS, кој е усогласен со рамката на ЕСС 2010 како модерен веб-базиран систем.
 
 
Национална програма ИПА 2012
 
Твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста со стандардите на ЕУ (MK 12 IPA ST 01 16) започна на 17 октомври 2016 и ќе трае 16 месеци. Проектот е финансиран од страна на Европската Унија.

Проектот ќе биде имплементиран од страна на Истат (Италијанскиот национален институт за статистика), СУРС (Заводот за статистика на Република Словенија) и МИПА (Конзорциум за развој на методологии и иновации во јавната администрација) како тело со ад-хок мандат.


Целта на Проектот е да се подобри капацитетот на Државниот завод за статистика на Република Македонија, како и понатамошно подобрување на усогласеноста на законодавството со она на ЕУ, во делот на:
  • Национални сметки
  • Деловна статистика
  • Социјална статистика
Што се однесува до твининг-проектите, тоа се проекти кои помагаат во приближувањето на експертизата во јавниот сектор од страна на земјите-членки на ЕУ во земјите-кориснички, сè со цел да се постигнат конкретни задолжителни и оперативни резултати преку спроведување на партнерски активности. ДЗС, Истат, СУРС и МИПА ќе мораат здружено да ги постигнат следниве задолжителни резултати:
  • Имплементација на ЕСА (Европски систем на сметки) 2010
  • Подобрување на деловната статистика
  • Подобрување на статистиката на истражување и развој, статистиката на пазарот на трудот и SILC (статистика на приходи и услови на живеење)
Иницијалниот состанок на Проектот беше одржан на 11.11.2016.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Повеќекорисничка програма за статистичка соработка ИПА 2014
 
 
Времетраење: 01.10.2015 - 31.08.2017
 
Опис: Главните цели на овој Проект се:
 
- Да се продолжи со процесот на прогресивно интегрирање на Државниот завод за статистика на Република Македонија во Европскиот статистички систем со зајакнување на Државниот завод за статистика и неговата координативна улога во статистичкиот систем на земјата;
 
- Да продолжи поддршката на одржливиот развој на институционалниот капацитет на Заводот за да се овозможи подобро да одговори на потребите на своите корисници обезбедувајќи податоци кои се точни, веродостојни, навремени и изработени во целосна согласност се европското законодавство;
 
- Да се интензивираат напорите за подобрување на квалитетот на статистичката информација и да се зајакне довербата во методите и професионализмот, што ќе обезбеди неоспорни статистички податоци за креаторите на политиката и меѓународната заедница.
 
 
Повеќе: Пилот-проекти во Повеќекорисничката програма за статистичка соработка ИПА 2014
 
Пилот-проекти во Повеќекорисничката програма за статистичка соработка ИПА 2014
Методологија за национални сметки
ЕСС 2010 Програма за трансмисија; Квартални национални сметки
Статистика на владини финансии
Статистика на цени ППП
Деловни статистики-профилирање
Статистики на надворешна трговија
Анкета за образование на возрасни
Употреба на информатичко комуникациски технологии во домаќинствата, од физички лица и од претпријатија
Статистика на цени-Хармонизиран индекс на трошоци за живот; Индекс на цени на станови
Годишни статистики на растително производство
Статистики на добиточно производство
Ад хок Проект- Анкета за структурата на земјоделските стопанства
 
  
 
 
Повеќекорисничка програма за статистичка соработка ИПА 2012
 
Времетраење: 01.01.2014-30.11.2015
Опис: Главните цели на овој Проект се:

-  Да се продолжи со процесот на прогресивно интегрирање на Државниот завод за статистика на Република Македонија во Европскиот статистички систем со зајакнување на Државниот завод за статистика и неговата координативна улога во статистичкиот систем на земјата;
- Да продолжи поддршката на одржливиот развој на институционалниот капацитет на Заводот за да се овозможи подобро да одговори на потребите на своите потрошувачи обезбедувајќи податоци кои се точни, веродостојни, навремени и изработени во целосна согласност се европското законодавство;
- Да се интензивираат напорите да се подобри квалитетот на статистичката информација и да се зајакне довербата во методите и професионализмот, што ќе обезбеди несомнителни статистички податоци за креаторите на политиката и меѓународната заедница.
 
 
Повеќе: Пилот-проекти во Повеќекорисничката програма за статистичка соработка ИПА 2012


Пилот-проекти во Повеќекорисничката програма за статистичка соработка ИПА 2012
Методологија за национални сметки
Агромонетарни статистики
Годишни статистики на растителното производство
Статистики на добиточното производство
Структура на заработувачката
Статистики на образованието – имплементација на ISCED 2011
Статистики за истражување и развој
Статистики на животната средина
Краткорочни деловни статистики
Статистики на надворешната трговија
Паритет на куповната моќ
Хармонизиран индекс на трошоците за живот
Ад хок проект 1 - Анкета за користење на времето
Ад хок проект 2 - Структурни деловни статистики за услуги
Ад хок проект 3 - Подобрување на постоечкиот ИТ систем за креирање на прашалници базирано на метаподатоци и електронско прибирање на податоци
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Национална програма ИПА 2009

Составена од: твининг-договор, договор за набавка и договор за услуга.

Твининг-договор: „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ“
Времетраење: 18.08.2012-17.08.2014
Опис: Целта на овој Проект е да се унапреди процесот на донесување одлуки од страна на владините институции, бизнис секторот и граѓаните во земјата преку изготвување на сеопфатни и споредливи статистички податоци во согласност со ЕУ и меѓународните стандарди, со цел понатамошно унапредување на демократијата и пазарно-ориентираната економија. Функцијата на Проектот е да го подобри капацитетот на Државниот завод за статистика за подобра усогласеност со законодавството на ЕУ во областа на статистиката, со фокус на националните сметки, економските статистики и социјалните статистики. 

Поврзани линкови:

Билтени:

Билтен бр. 7 на твининг проектот

Билтен бр. 6 на твининг проектот

Билтен бр. 5 на твининг проектот

Билтен бр. 4 на твининг проектот

Билтен бр. 3 на твининг проектот

Билтен бр. 2 на твининг проектот

Билтен бр. 1 на твининг проектот

 

Договор за набавка: Централизиран систем за резервна копија и опоравување од катастрофи
Времетраење:
Опис: Целта на Проектот е набавка и инсталација на хардвер и софтвер кои ќе применат ефикасен, модерен и безбеден пристап при ракувањето со обработката и складирањето на податоците во ДЗС.  
 
 

Повеќекорисничка програма за статистичка соработка ИПА 2011

Времетраење: 01.09.2012-31.08.2014
Опис: Главните цели на овој Проект се:

· Да се продолжи со процесот на прогресивно интегрирање на Државниот завод за статистика на Република Македонија во Европскиот статистички систем со зајакнување на Државниот завод за статистика и неговата координативна улога во статистичкиот систем на земјата;
· Да продолжи поддршката на одржливиот развој на институционалниот капацитет на Заводот за да се овозможи подобро да одговори на потребите на своите потрошувачи обезбедувајќи податоци кои се точни, веродостојни, навремени и изработени во целосна согласност се европското законодавство;
· Да се интензивираат напорите да се подобри квалитетот на статистичката информација и да се зајакне довербата во методите и професионализмот, што ќе обезбеди несомнителни статистички податоци за креаторите на политиката и меѓународната заедница.

Повеќе: Пилот-проекти во Повеќекорисничката програма за статистичка соработка ИПА 2011

 

Пилот-проекти во Повеќекорисничката програма за статистичка соработка ИПА 2011
Методологија за национални сметки
Квартални национални сметки
Регионална бруто-додадена вредност
Годишни секторски сметки
Годишни сметки на владата
Агромонетарни статистики
Годишни статистики за растително производство
Статистики за добиточно производство
Анкета за работната сила
Статистики за приходи и услови на живеење
Анкета за потрошувачката на домаќинствата
Деловен регистар
Надворешна трговија
Структурни деловни статистики
Статистики на цени - ППП
Ад хок проект Анкета за структурата на земјоделските стопанства





















 

 
Договор за услуга: „Поддршка на Државниот завод за статистика за поддршка на софтверско решение за online пополнување на статистичките прашалници“ , дел од ИПА 2009 национална програма
Времетраење: 15.01.2013-21.02.2014
Опис: Целта на Проектот беше да се развие ИТ систем за online прибирање на податоци. 

Проектот ќе влијае на:

- намалување на товарот на давателите на податоци;
- подобрување на комуникацијата со давателите на податоци;
- намалување на трошоците за статистичките истражувања;
- подобрување на стапката на одговор и навременост;
- подобрување на квалитетот на податоците;
- зголемување на ефикасноста на статистичкиот процес.
 
 
ИПА 2009 Повеќекорисничка програма за статистичка соработка
 
 
 
Времетраење: 1.12.2010-31.12.2012
Опис: Подобрување на квалитетот на статистичките информации и зајакнување на довербата во методите и професионализмот, што ќе обезбеди несомнители статистички податоци за кретаорите на политиката и меѓународната заедница. Продолжување на процесот за постепено интегрирање на Државниот завод за статистика кон Европскиот статистички систем  и продолжување на поддршката за одржливо градење на капацитетите.
Завршени се предвидените активности за сите седум пилот-проекти (статистика на надворешната трговија, хармонизиран индекс на трошоците на животот, статистика на цените за куповната моќ, статистики за националните сметки, Анкета за работната сила, агромонетарни статистики и енергетски статистики) и доставени се финалните извештаи за секој од пилот-проектите до Евростат. Со одобрение на Евростат, беше продолжено траењето на проектот за еден месец, односно до 31. 12. 2012 година.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
ИПА 2007 Техничка помош на Државниот завод за статистика
 
 
 
 
Времетраење: Февруари 2010 - Март 2012
Опис: Проектот опфаќаше техничка помош за четири приоритетни области кои имаат потреба од понатамошен развој и еден договор за набавка. Очекувани резултати:
-          развој на квалитетен систем за производство на статистики во сите процесеи  
-          доусогласување на националните сметки и други монетарни и финансиски статистики
-          подобрени деловни статистики
-          подобрени социјални статистики
-          подобрен ИТ систем преку обезбедување на ИТ опрема за успешна поддршка на задачите на ДЗС, особено за некои од задачите предвидени во овој проект (на пр. пилот истражувањата)

 

 

 

 

 
Македонско-шведско партнерство во статистиката 2009-2011
 
  Проект беше финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (SIDA)
 
Времетраење: 1.04.2009 – 31.01.2012
Опис: Во рамките на последната фаза од проектот беа вклучени следните области: структурни земјоделски статистики и регистарот на фарми, некои области од статистиките на животна средина, PC Axis алатките и метадата компонентата.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
ИПА 2008 Повеќекорисничка програма за статистичка соработка
 
 
 
Времетраење: 1.12.2009- 30.09.2011
Опис: Засегнати области беа макро-економските статистики, статистики на цени, статистики на надворешна трговија, земјоделски статистики, демографски и социјални статистики и деловни статистики. Оваа статистичка програма продолжи да ја зајакнува регионалната интеграција и соработка помеѓу статистичките системи на земјите-кориснички.
 
 
 
Грант – Заедничка усогласена програна на Европската унија за истражување на мислењето на потрошувачите
 
 
 
Времетраење: мај 2008 – април 2011
Опис: Програмата за истражување е дизајнирана за да собере информации за состојбата на економиите и да се овозможи споредување на нивните деловни циклуси за управувачките процеси на ЕМУ (Економска и монетарна Унија).
 
 
 
Грант – 2010 Анкета за работна сила ад хок модул за усогласеност помеѓу работата и семејниот живот
 
 
 
Времетраење: 07.07.2009 – 31.03.2011
Опис: Целта е да се обезбеди методолошки поткрепено и валидно спроведување на ад хок модулот. Овој модул се стреми кон подобрување на знаењето за усогласеноста помеѓу работата и семејниот живот.
 
 
 
Сателитски сметки за кооперативи и здруженија
 
 
Времетраење: 03.2010 – 12.2010
Опис: Како резултат на Проектот е подготвена посебна публикација која ќе биде од интерес за стручните лица во Заводот бидејќи ги содржи методолошките основи и изворите на податоци за подготвување на сателитските сметки за задругите. Стекнатото знаење од работата на Проектот е добра основа за понатамошно планирање на активностите за зголемување на фондот на податоци за овие единици и соработка со другите институции .
 
 
 
ИПА 2007 Повеќе-корисничка програма за статистичка соработка
 
 
Времетраење: јули 2008 – март 2010
Опис: Проектот беше хоризонтален, со цел да ги надгради и зајакне статистичките системи на земјите кориснички преку подобрување на достапноста, квалитетот, споредливоста и навременоста на статистичките податоци што требаше да се постигне со спроведувањето на седум секторски пилот проекти: статистика на надворешна трговија, статистики на цени – хармонизиран индекс на трошоци на живот и паритет на куповна моќ, национални сметки, подготовка на Попис на население, домаќинства и станови 2011, подготовка на Попис на земјоделство или Истражување на структура на фарми и пренос на статистички податоци.
 
 
 
Техничка помош за поддршка на Државниот завод за статистика, националната програма КАРДС 2005
 
 
Времетраење: 30.06.2006-28.06.2008
Опис: Проектот му помогна на ДЗС во градењето на капацитети, хармонизација на националните сметки за усогласување со стандардите на ЕУ, подобрување на статистичката програма со фокусирање на деловните и социјалните статистики, зајакнување на капацитетот на информатичко-комуникациската технологија (ИКТ) на ДЗС, зајакнување на перформансите и практиките за мониторинг на квалитетот во ДЗС, зајакнување на стратегијата за консултација, соработка и комуникација на ДЗС со корисниците на податоци и медиумите.
 
 
 
Регионална програма за статистика КАРДС 2003
 
 
Времетраење: 14.07.2006 – 13.03.2008
Опис: Оваа програма почна во јули 2006 година и заврши во март 2008 година. Со неа беа опфатени пилот проекти во областите на паритет на куповна моќ, статистики на надворешна трговија, статистики на миграција и пазар на труд, како и пренесување на знаење преку обуки, стажирања, студиски посети, консултации и учества на состаноци на работни групи на Евростат.

 
Регионална програма КАРДС 2001
 
 
Времетраење: 31.12.2003 – 30.06.2005
Опис: Програмата опфаќаше 3 пилот проекти: паритет на куповна моќ, надворешна трговија и деловни статистики. Оваа програма исто така обезбеди обуки за ДЗС во форма на експертски мисии во ДЗС, учества на семинари, меќународни состаноци и состаноци на работни групи на Евростат.

 

Поддршка за Пописот на население
 
 
Времетраење: 10.2002 – 12.2004
Опис: Проектот му помогна на ДЗС во обработката на податоците од Пописот на население спроведен во ноември 2002 година (софтверски лиценци, мебел и опрема, инсталација на безбедносен систем).

 
Техничка помош за поддршка на реформата на статистичкиот систем во Република Македонија во рамките на националната програма ФАРЕ 1998
  
Времетраење: 10.04.2000 – 31.12.2002
Опис: Проектот се фокусираше на подобрување на статистичките регистри и врските помеѓу статистичките регистри и административните извори на податоци, и на подобрување на статистиките во областа на земјоделството, надворешната трговија и пазарот на труд.

 
Автоматизација и техничка помош на Државниот завод за статистика, ФАРЕ 1996
 
Времетраење: 10.1997 – 01.2000
Опис: Проектот обезбеди техничка помош на ДЗС во однос на класификации, национални сметки и статистика на надворешна трговија, како и опрема за модернизација на Заводот.
 
 
 
ДЗС давател на странска помош
 
Времетраење: октомври 2009 – јули 2011
Опис: Како резултат на позитивните искуства стекнати во рамките на својата меѓународна активност, ДЗС беше конзорциумски партнер со ICON Institute во проектот „Помагање на Црна Гора во приближувањето кон ЕУ стандардите во статистиката“, каде што обезбеди краткорочна експертска помош.
 
Повеќекорисничка програма за статистичка соработка ИПА 2014
 
 
Времетраење: 01.10.2015 - 31.08.2017
 
Опис: Главните цели на овој Проект се:
 
- Да се продолжи со процесот на прогресивно интегрирање на Државниот завод за статистика на Република Македонија во Европскиот статистички систем со зајакнување на Државниот завод за статистика и неговата координативна улога во статистичкиот систем на земјата;
 
- Да продолжи поддршката на одржливиот развој на институционалниот капацитет на Заводот за да се овозможи подобро да одговори на потребите на своите корисници обезбедувајќи податоци кои се точни, веродостојни, навремени и изработени во целосна согласност се европското законодавство;
 
- Да се интензивираат напорите за подобрување на квалитетот на статистичката информација и да се зајакне довербата во методите и професионализмот, што ќе обезбеди неоспорни статистички податоци за креаторите на политиката и меѓународната заедница.
 
 
Повеќе: Пилот-проекти во Повеќекорисничката програма за статистичка соработка ИПА 2014
 
Пилот-проекти во Повеќекорисничката програма за статистичка соработка ИПА 2014
Методологија за национални сметки
ЕСС 2010 Програма за трансмисија; Квартални национални сметки
Статистика на владини финансии
Статистика на цени ППП
Деловни статистики-профилирање
Статистики на надворешна трговија
Анкета за образование на возрасни
Употреба на информатичко комуникациски технологии во домаќинствата, од физички лица и од претпријатија
Статистика на цени-Хармонизиран индекс на трошоци за живот; Индекс на цени на станови
Годишни статистики на растително производство
Статистики на добиточно производство
Ад хок Проект- Анкета за структурата на земјоделските стопанства
 

     

© Државен завод за статистика