Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


          
 



Попис на населението

На територијата на Република Северна Македонија првите попишувања датираат од 15 век, кога турските власти ги попишувале само даночните глави и машкото население. Постојат руски, француски, грчки и други извори на податоци за попишување на населението во 19-тиот век.

Првиот современ попис на територијата на Република Северна Македонија е спроведен во 1921 година.

По Втората светска војна, во Република Северна Македонија се спроведени 9 пописи: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994, 2002 и 2021 година.

Пописот во 1991 година беше со нецелосен опфат и затоа во 1994 година повторно е спроведен попис во истата декада.

Пописот во 1994 година е прв попис во Република Северна Македонија по нејзиното осамостојување.

Пописот во 2002 година е последниот попис во Република Северна Македонија спроведен со традиционалниот метод.

Пописот во 2021 се спроведе со примена на нов, т.н. комбиниран пописен метод и нов технолошки пристап со внес на пописните податоци на рачни компјутери, лаптопи и користење на податоци од креираната претпописна база (ПП) на податоци.

Пописот на населението, домаќинствата и становите се дефинира како статистичка операција со која во редовни временски интервали (најчесто на десет години) се врши официјално пребројување на населението на територијата на земјата, од нејзините најмали географски територијални единици до ниво на држава, заедно со дефинираните демографски, социјални и економски карактеристики на вкупното население.

Вообичаено е пописите да се спроведуваат на секои 10 години, и тоа во годините што завршуваат на нула или еден.

Основна цел на Пописот е да се утврди бројот на населението и неговиот територијален распоред, да се добијат податоци за виталните, образовните, економските, етничките, миграциските и другите белези на населението. Пописот е основа за процена на бројот и на движењето на населението во меѓупописниот период, како и за долгорочни проекции на бројот на населението во иднина.

Според своето значење, Пописот се рангира како активност од висок државен интерес, а неговото спроведување секогаш се регулира со посебен Закон за Попис кој се усвојува од страна на Собранието на Република Северна Македонија.

Агрегираните статистички резултати, добиени од податоците собрани од Пописот, освен за статистички цели, се користат и за макроекономски планирања, креирање на развојни политики, научни анализи и за други истражувања.


 
 




Клучни показатели
 
  Вкупно население  ( 2021) : 1 836 713

  Вкупен број на домаќинства  ( 2021) : 598 632

  Вкупен број на станови  ( 2021) : 839 174

Временска серија





Поими и објаснувања

Вкупно население

Вкупното население
го сочинуваат:

- Лицата кои имаат место на вообичаено живеење во Република Македонија, без оглед дали во моментот на Пописот се наоѓаат во местото на живеење или во друго место во Република Македонија;

- Странците кои имаат одобрение за престој во Република Македонија и се привремено присутни во Република Македонија најмалку 12 месеци (една година), но со место на вообичаено живеење надвор од Република Македонија;

- Лицата кои имаат место на вообичаено живеење во Република Македонија, а во времето на Пописот, но најдолго до 12 месеци (една година) пред неговото спроведување, се наоѓаат на работа во странство, како и членовите на нивните домаќинства;

- Лицата кои имаат место на вообичаено живеење во Република Македонија, а кои во времето на Пописот се на работа во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, Обединетите нации и нејзините организации, претставништвата или претставници на Стопанската комора во странство, деловни единици во странство, војни претставници на Армијата на Република Македонија во странство и граѓаните кои се ангажирани врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, школување, како и членовите на домаќинствата кои со наведените лица привремено престојуваат во странство;

- Лицата кои имаат место на вообичаено живеење во Република Македонија, а кои не ги поседуваат документите од член 39 точка 1 од Законот за Попис, доколку ги презентираат документите утврдени во член 39 точка 3 од Законот за Попис.

Домаќинства

Под домаќинство се смета секоја семејна или друга заедница на лица кои ќе изјават дека заедно живеат и заеднички ги трошат своите приходи за подмирување на основните животни потреби (домување, исхрана и друго), без оглед дали сите членови постојано се наоѓаат во местото каде што е населено домаќинството или некои од нив престојуваат определено време во друго населено место, односно странска држава, заради работа, школување или од други причини.

Под домаќинство се смета и секое лице кое живее само ("самечко домаќинство") и кое нема свое домаќинство во друго место.

Под домаќинство се смета и т.н. колективно домаќинство, т.е. домаќинство составено од лица кои живеат во установи за трајно згрижување на деца и возрасни, во манастири-самостани и во болници за сместување на неизлечиви болни.

Со Пописот се опфатени сите домаќинства (во согласност со дефиницијата за домаќинства) на лицата - единици на Пописот.

Податоците во Табелата се однесуваат на вкупниот број домаќинства во кои се вклучени индивидуалните и колективните домаќинства. Податоците за индивидуалните домаќинства се однесуваат на индивидуалните домаќинства со едно лице (т.н. самечки домаќинства) и индивидуалните домаќинства со повеќе лица.

Живеалишта

Податоците во Табелата се однесуваат на сите видови живеалишта.

Под живеалиште се подразбираат становите за живеење и другите населени простории или објекти кои не се наменети за живеење, но во времето на Пописот се користат за живеење.

Стан е градежно поврзана целина наменета за живеење, без оглед дали во моментот на Пописот се користи само за живеење, за живеење и вршење на дејност, само за вршење на дејност, за одмор и рекреација или се работи за ненаселен, а градежно исправен стан.

Под други живеалишта се подразбира друга населена просторија која не е наменета за живеење, населена деловна просторија, импровизирано живеалиште и колективно живеалиште.


 


© Државен завод за статистика