Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


          
 



Паритет на куповната моќ

Паритетот на куповната моќ е стапка на конверзија на валутите за елиминирање на разликите во нивото на цените изразувајќи ја вредноста за истото количество и за истите стоки и услуги купени во различни држави со различни валути. Пресметките на паритетот на куповната моќ за споредба се базираат врз податоци за расходните компоненти на бруто-домашниот производ дефинирани со Европскиот систем на сметки (ЕСС 2010), со кој се овозможува рангирање на државите според големината на економијата. Податоците за Република Северна Mакедонија се составен дел на изданијата на Евростат "Statistics Explained". Корисниците може да имаат увид во публикуваните податоци во делот сродни линкови.
 
 




Клучни показатели
 
  Волуменски индекс на бруто-домашниот производ по жител  ( 2023) : 41.0 (EU27_2020=100)
Повеќе...
  Индекс на ниво на цени на Финалната потрошувачка во домаќинствата  ( 2023) : 51.6 (ЕУ27_2020=100)
Повеќе...
  Индекс на нивото на цените за храна и безалкохолни пијалоци  ( 2022) : 68.0 (ЕУ27_2020=100)
Повеќе...
  Индекс на нивото на цените за инвестиции во основни средства  ( 2021) : 60.8 (ЕУ27_2020=100)
Повеќе...
Временска серија





Поими и објаснувања

Компаративни нивоа на цените

Компаративни нивоа на цените се односи на паритетите на куповната моќ кон девизниот курс.

Паритети на куповна моќ

Паритетите на куповната моќ се дефлатори и конвертори на валутите што ги елиминираат ефектите на разликите во нивоата на цените меѓу државите-членки овозможувајќи споредби на компонентите на БДП и споредби на нивоата на цените.

Стандард на куповната моќ

Стандард на куповната моќ е изведена заедничка валута што ја изедначува куповната моќ на различните национални валути.


 


© Државен завод за статистика