Поими и објаснувања
|
Угостителски објект е секоја угостителска деловна единица во која на гостите им се даваат угостителски услуги, т.е. сместување, исхрана и точење пијалаци и други услуги што вообичаено се вршат во угостителството. Број на места на масите, шанковите и слично (број на седишта) е вкупниот број седишта со кои располага угостителскиот објект, кои се вообичаено поставени. Број на соби е вкупниот број на соби што се расположливи за изнајмување на гости. Апартманот се прикажува како една соба. Број на легла е вкупниот број на сите постојани и помошни легла за изнајмување на гости. Површина на угостителскиот објект е вкупната развиена површина на угостителскиот објект, изразена во м2. Податокот се зема од проектната документација. Прометот го прикажува вкупниот промет остварен во угостителскиот објект, од 01.01. 2008 година до 30.09.2008 година, изразен во илјади денари, групиран во вредносни интервали. Просечен број вработени , во периодот 01.01. 2008 година до 31.09. 2008 година, е вкупниот просечен број вработени, без разлика врз каква основа работат во угостителскиот објект.
|