Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


          
 



Образование и наука

Образованието подразбира организирана и постојана комуникација со цел да се овозможи учење. Со истражувањата во статистиката на образование се обезбедуваат податоци за мрежата  на основните, средните  училишта и факултетите, како и податоци за учениците, студентите и наставниот кадар според многубројни  белези.

Научно-истражувачката дејност претставува истражувања кои придонесуваат за развојот на научната мисла и за подигање на научното ниво во сите подрачја, полиња и области на науката, придонесуваат за трансферот на светските знаења, технологии и вештини за вкупниот развој на Република Македонија.

Истражувањата во основните и во средните училишта   се спроведуваат  секоја  година, со две  состојби: на почетокот  и  на  крајот  на секоја  учебна  година.
Истажувањата во високото образование и науката се спроведуваат со годишна периодика.

 
 





Клучни показатели
 
  Број на редовни основни училишта  ( уч.год. 2023/2024) : 955 Број на училишта

  Број на средни редовни училишта  ( уч.год. 2023/2024) : 129 Број на училишта

  Број на ученици во основните редовни училишта  ( уч.год. 2023/2024) : 182 124 Број на лица

  Број на ученици во средните редовни училишта  ( уч.год. 2023/2024) : 67 278 Број на лица

  Број на наставници во основните редовни училишта  ( уч.год. 2023/2024) : 18 831 Број на лица

  Број на наставници во средни редовни училишта  ( уч.год. 2023/2024) : 7 051 Број на лица

  Запишани студенти на додипломски студии на факултетите и високите стручни школи (прв циклус на студии)  ( уч.год. 2023/2024) : 52 316

  Број на дипломирани студенти на додипломски студии на високите стручни школи и факултетите - прв циклус на студии  ( 2023) : 7 422

  Број на лица кои се стекнале со звање магистер на науки и специјалист  ( 2023) : 1828

  Број на лица кои се стекнале со звање доктор на науки  ( 2023) : 174

  Број на истражувачки организации  ( 2016) : 124

  Број на наставници и соработници во наставата во високообразовните установи  ( уч.год. 2023/2024) : 4 656

Временска серија





Поими и објаснувања

Како училиште е прикажана секоја училишна единица, без оглед на тоа дали е самостојно училиште, подрачно училиште или паралелки при друго редовно училиште.

Факултет претставува високообразовна установа што врши високообразовна дејност, научноистражувачка и применувачка работа во една или повеќе сродни научни и стручни области.

Висока стручна школа претставува високообразовна установа што врши висока образовна дејност за стручни студии и високостручни работи во една и повеќе стручни области.

Ученик е лице што завршило училиште и се стекнало со диплома за одредени знаења и вештини.

Студенти се лица што по завршувањето на претходното средно образование и исполнетите услови за упис на повисоките образовни установи го продолжуваат своето натамошно образование на високите стручни школи и на факултетите во Република Македонија како редовни или вонредни студенти.

Звањето магистер на науки го стекнуваат лица со претходно завршено високо образование, завршени постдипломски студии и одбранет магистерски труд.

Звањето специјалист го стекнуваат лица со претходно завршено високо образование, завршени постдипломски студии (времетраење од најмалку 1 година) и одбрана на специјалистички труд. Овде не спаѓа специјализацијата во областа на медицинските науки бидејќи тоа не е стекнување на стручен назив специјалист, туку е специјализација во струката

Титулата доктор на науки се однесува на лица со завршено високо образование, академски степен магистер на науки и одбранета докторска дисертација.

Наставник е лице што изведува воспитно-образовна работа во училиштето, според одредена наставна програма.

Наставници и соработници на високообразовните установи се лица што изведуваат настава, а кои според наставно-научното звање се: - редовен професор, вонреден професор, доцент (на факултетите) - виш предавач, предавач и професор на висока стручна школа (на високите стручни школи)


 







© Државен завод за статистика