Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


          
 



Деловни субјекти

Статистичкиот деловен регистар (СДР) е збирка на податоци за правни единици (деловни субјекти) и статистички единици.

Деловни субјекти се сите правни и физички лица што вршат дејност на територијата на Република Македонија, регистрирани претходно кај надлежен орган во согласност со закон или основани со закон.

Статистички единици се единици креирани исклучиво според статистички критериуми (за статистички цели).

Правна основа за воспоставување, водење и ажурирање на Статистичкиот деловен регистар е Законот за државна статистика (’’Службен весник на Република Македонија“ бр.54/97) и Законот за измени и дополнувања на Законот за државна статистика (’’Службен весник на Република Македонија“ бр.21/07), како и Регулативата (ЕЗ) бр.177/08 од Европскиот парламент за воспоставување заедничка рамка за деловни регистри за статистички цели и за укинување на Регулативата (ЕЕЗ) бр.2186/93.

Ажурирањето на единиците во Статистичкиот деловен регистар се спроведува врз основа на административни и статистички извори. Основен административен извор е Централниот регистар на Република Македонија, кој е надлежен за водење на Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица и Регистарот на годишни сметки, а статистички извори се редовните статистички истражувања, пописи, периодични статистички истражувања и др.

Статистичкиот деловен регистар е значаен сегмент во системот на статистичките истражувања, односно тој претставува еден од основните инструменти за поддршка на истражувањата во статистичкиот систем.
 
 





Клучни показатели
 
  Активни деловни субјекти  ( 2022) : 71 228 претходни податоци

Временска серија





Поими и објаснувања

Деловни субјекти се сите правни и физички лица што вршат некоја од дејностите утврдени во Националната класификација на дејностите, со седиште на територијата на Република Македонија, регистрирани од надлежен орган во согласност со закон, односно основани со закон, како и организациски единици на странски трговски друштва и странски трговци-поединци што вршат дејност на територијата на Република Македонија.

Правни лица се сите форми на правна конструкција организирана според прописите на државата (трговски друштва, институции, установи, здруженија и други организации) со утврдени права и обврски, кои својството на правно лице го стекнуваат со денот на нивната регистрација во соодветен надлежен орган.

Физички лица се субјектите (самостојни вршители на дејности, занаетчии, индивидуални земјоделци, трговци-поединци) што поседуваат права и обврски, а својството на правен (деловен) субјект им е признаено врз основа на постојните законски прописи.

Активните деловни субјекти се сите деловни субјекти што учествуваат во создавањето на бруто-домашниот производ, а основен критериум за утврдување на активноста на субјектите се податоците за приход и/или вработени.


 


© Државен завод за статистика