Политика за ревизија
Примената на Политиката за ревизија во различни статистички области е важен аспект на „праксата на добро управување“ во државната статистика и нејзината важност е подеднаква како на национално, така и на меѓународно ниво.
Ревизијата е составен дел од редовната статистичка продукција, која придонесува кон подобрување на квалитетот на продуцираните статистички податоци, како и нивната точност.
Имајќи предвид дека мисијата на Државниот завод за статистика е продукција на квалитетни и споредливи статистички податоци, со Политиката за ревизија се утврдува еден важен инструмент за подобрување на квалитетот на статистичките податоци.
Основна цел на Политиката за ревизија е да се постигне поголема транспарентност на целата постапка за ревизија на статистичките податоци, а со тоа веруваме дека ќе се зголеми довербата во официјалната статистика и корисноста на статистичките податоци.
Политиката за ревизија е разгледана и позитивно оценета од страна на Стручниот колегиум на Државниот завод за статистика и Стручно- методолошкиот совет на Државниот завод за статистика. Политиката е донесена од страна на директорот на Државниот завод за статистика.
Преземи го целиот документ „Политика за ревизија"
 
© Државен завод за статистика