Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


          
 



Општи и регионални статистики

Едицијата Општи и регионални статистики опфаќа низа публикации со широк сет на податоци од сите области на социоекономскиот и општествениот живот на Република Македонија.

Во оваа категорија на публикации спаѓаат Статистичкиот годишник на РМ, најсеопфатна и најбогата со податоци публикација која нуди годишни и подолги временски серии на податоци за населението, пазарот на труд, образованието, економијата и многу други.

Во оваа едиција спаѓаат и неколку публикации кои се специфични според третирањето на податоците по одреден белег. Така, публикацијата Жените и мажите во Македонија ја претставува половата структура на населението во Република Македонија, а Регионите во Македонија нуди голем број на податоци обработени според осумте статистички региони во РМ.

Овде спаѓаат и публикациите: Претходни статистички податоци за РМ, Краткорочни статистички податоци за стопанските движења во РМ, Месечен статистички извештај,

Македонија во бројки и Одржлив развој - публикации кои на корисниците им овозможуваат на едно место да најдат голем број на податоци од сите домени на статистиката, па затоа, публикациите од оваа едиција со право можат да се наречат и мултидоменски.

 
 




Клучни показатели
 
Временска серија





Поими и објаснувања

 







© Државен завод за статистика