+A   |  -A
ïïï: 15805 | âââ: 95861
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Индекси на прометот во секторот Трговија


Извештајни единици

Извештајни единици се деловните субјекти чија претежна дејност е трговија на големо, трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли.
Извештајните единици се избрани од Статистичкиот деловен регистар, врз база на примерок. Во примерокот се опфатени претпријатијата што се занимаваат со трговија (сектор Г/Е, оддели 45, 46 и 47, според Националната класификација на дејностите-НКД Рев.2).
Во примерокот се вклучени сите големи и средни претпријатија, а останатите се избрани по случаен избор. Критериуми за избор на примерокот се дејноста и големината на прометот.

Дефиниции

Трговија на големо е набавка на стоки за понатамошна продажба на трговците, преработувачите или големите потрошувачи во земјата или во странство.
Трговија на мало е набавка на стоки за понатамошна продажба на крајните потрошувачи (за лична употреба или за употреба во домаќинството).
Прометот претставува вкупна фактурирана вредност на извештајната единица во одреден период и ова кореспондира со пазарните продажби на стоки и на услуги кон другите субјекти. Прометот ги вклучува сите даноци за стоки и за услуги фактурирани од извештајната единица, со исклучок на данокот на додадена вредност (ДДВ). Прометот ги вклучува и сите други давачки (за транспорт, пакување) и кога тие се прикажани во фактурата одделно. Намалувањето на цени, рабати и попусти, како и вредноста на вратената стока, мора да се одбијат. Намалувањето на цените, попустите, како што се, на пример, на крајот од годината, не се земаат предвид. Во прометот не влегуваат другите оперативни, финансиски и вонредни приходи, како и паричната помош од државната власт или од институциите на Европската унија.

Објавување на податоците

Индикаторот за промет во трговијата го мери прометот во трговијата на големо и во трговијата на мало и тоа во форма на номинални и реални (ценовно прилагодени ) индекси, а не во апсолутни износи. Поради тоа, индикаторот исклучиво служи за следење на динамиката (развојот), а не за оценка на нивото на прометот.

Податоците се објавуваат како претходни (месечно во тековната година) и дефинитивни (на крајот од првото тримесечје од наредната година).

Пресметка и значење на индексите

Индексите се пресметуваат во однос на базната вредност на прометот од 2015 година. Базната вредност претставува аритметичка средина од прометот во 2015 година. Номиналниот месечен индекс на прометот се добива кога месечниот промет ќе се подели со базниот и ќе се помножи со 100, а за да се добие реален индекс на прометот, прометот треба да се дефлатира со соодветен индекс на цени.

Стапките на промена се добиваат со споредба на индексот од тековниот месец со индексот од истиот месец од претходниот период.

Прометот во трговијата подлежи на календарски и сезонски влијанија кои би требало да бидат отстранети во индексите. При пресметката на индексите е употребен институционалниот пристап (се зема предвид целиот промет на ниво на претпријатие).
Вредносни индекси (индекси во номинален износ) - се зема прометот по постојани цени и влијанието на цените не е отстрането.
Волуменски индекси (индекси во реален износ) - се добиени со дефлатор, пресметан преку индексите на цените, со што се отстранува влијанието на цените.

Податоците во трговија на мало се дадени според следниве групи: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (47,11, 47.2); Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (47.19, 47.4, 47.5, 47.6, 47.7, 47.8, 47.9); Трговија на мало, освен трговија со автомобилски горива (47 без 47.3) и Трговија на мало со автомобилски горива (47.3).



Последно ажурирање: 28.12.2018

 
Претходни методолошки објаснувањаДатум
Преземи 30.03.2012
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика