Методолошко објаснување за соопштението:
Промет во трговијата на мало, по производи
Податоците прикажани во Соопштението се добиени преку двегодишниот извештај за прометот и
залихите во трговијата на мало по производи (Трг.12).
Опфатени се деловни субјекти кои вршат трговска дејност, по методот на примерок.
Како критериум за избор на примерокот е земена вредноста на остварениот промет на деловните
субјекти од претходната година. Во податоците се вклучени и проценети податоци за трговците
поединци.
Вредноста на прометот е искажана во тековни цени и ја претставува фактурната вредност на
продадените стоки и услуги во Република Македонија за наведениот период, вклучувајќи го и данокот
на додадена вредност.
Трговија на мало е набавка на стоки за понатамошна продажба на крајните потрошувачи (за лична
употреба или за употреба во домаќинството) или на други потрошувачи за изведувачки активности
под одредени услови.
Податоците не се пондерирани.
Последно ажурирање:
11.02.2011
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Внатрешна трговија
|
© Државен завод за статистика