Методолошко објаснување за соопштението:
Промет во трговијата на големо, по производи
Податоците прикажани во Соопштението се добиени преку двегодишниот извештај за прометот и залихите во трговијата на големо по производи (ТРГ.22).
Опфатени се деловни субјекти кои вршат трговска дејност, по методот на примерок, при што како критериум за избор е земена вредноста на остварениот промет на деловните субјекти од претходната година.
Вредноста на прометот е искажана во тековни цени и ја претставува фактурната вредност на продадените стоки и услуги во Република Македонија за наведениот период.
Трговија на големо е набавка на стоки за понатамошна продажба на трговците, преработувачите или големите потрошувачи во земјата. Стоките може да се продаваат непроменети или по обработката пакувани или препакувани.
Податоците не се пондерирани.
Последно ажурирање:
09.02.2011
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Внатрешна трговија
|
© Државен завод за статистика