Методолошко објаснување за соопштението:
Структурно истражување за земјоделските стопанства
Структурното истражување за земјоделските стопанства, кое се спроведува на база на примерок, има за цел да се добијат структурни податоци за стопанствата во периодот меѓу два пописа во земјоделството. Овие податоци ќе послужат за следење на промените во структурата на стопанствата и за ажурирање на податоците во Статистичкиот регистар на земјоделски стопанства за оние единици кои ќе влезат во примерочното истражување.
Користено земјоделско земјиште е земјиште кое се користи за одгледување на земјоделски култури. Тоа претставува збир од површините под користени ораници и бавчи, куќни градини, овоштарници, лозја, ливади, пасишта и расадници на земјоделско земјиште.
Користени ораници и бавчи се површини на кои се одгледуваат житни, индустриски, градинарски и добиточни растенија, цвеќе, лековити и ароматични растенија, украсни растенија, семенски и саден материјал.
Куќни градини се површини (обично покрај куќите), кои се користат за производство на земјоделски производи наменети за исхрана на лицата на стопанството. Куќните градини не се вклучени во плодоред.
Овоштарници се земјоделски површини на кои се одгледуваат овошни стебла. Се впишуваат површините на сите овоштарници без оглед на тоа како се уредени насадите, колкаво е растојанието помеѓу стеблата и дали се употребуваат агротехнички и механизарани мерки за обработка.
Лозја се површини на кои се одгледуваат пенушки винова лоза со вообичаено растојание на одгледување за одредена сорта. Трпезните сорти се наменети за исхрана на населението во свежа состојба, а винските сорти се наменети за преработка во вино, ракија и други преработки од грозје.
Ливада претставува земјоделска површина на земјиште кое се користи за одгледување на тревни, односно фуражни растенија. Ливадата може да е засеана или природна (самоникната).
Пасиште претставува земјоделска површина која се користи за пасење на добитокот. Вклучени се сите пасишта: низински (интензивни) и ридско-планински (екстензивни).
Расадници се површини за производство на садници на земјоделско земјиште без оглед на тоа за какви видови се користат (шумски, парковски, овошни и лозови).
Добиточна единица е стандардизирана единица мерка која овозможува агрегирање на разновидни категории добиток со цел да се овозможи нивно споредување. За да се овозможи агрегирање на разновидни категории добиток се употребуваат коефициенти на добиточни единици.
Последно ажурирање:
28.01.2014
|
Претходни методолошки објаснувања | Датум |
Преземи | 10.03.2011 |
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Структура на земјоделските стопанства
|
© Државен завод за статистика