Методолошко објаснување за соопштението:
Типологија на земјоделските стопанства
Извор на податоци
При определувањето на типот на земјоделското производство и на економската големина на земјоделските стопанства се користени податоци од Пописот на земјоделство во 2007 година и коефициенти на стандардната вредност на производството, кои се пресметани од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Коефициентите на стандардната вредност на производството се одредуваат за најзначајните видови растително и добиточно производство што се опфатени со Пописот на земјоделството во 2007 година 1).
Дефиниции
Вредност на производството на даден вид земјоделско производство е монетарната вредност на бруто-земјоделското производство по цена на производството продадено од земјоделското стопанство.
Стандардната вредност на производството одговара за производствен период од 12 месеци (календарска година или земјоделска производствена година) за еден хектар земјоделско земјиште, односно за една глава/грло добиток, за секој вид земјоделско производство.
Вкупната стандардна вредност на производството на земјоделското стопанство одговара на збирот на вредностите добиени од секој вид производство со множење на стандардната вредност на производството пресметани по единица со бројот на кореспондентните единици.
Економската големина на земјоделското стопанство се определува врз основа на вкупната стандардна вредност на производството на стопанството.
Врз основа на вкупната стандардна вредност на производството, земјоделските стопанства се класификуваат според нивниот економски потенцијал во една од 14-те класи на економска големина:
Класи |
Лимити во евра 1) |
Класи |
Лимити во евра 1) |
I |
до 1 999 |
VIII |
од 100 000 до 249 999 |
II |
од 2 000 до 3 999 |
IX |
од 250 000 до 499 999 |
III |
од 4 000 до 7 999 |
X |
од 500 000 до 749 999 |
IV |
од 8 000 до 14 999 |
XI |
од 750 000 до 999 999 |
V |
од 15 000 до 24 999 |
XII |
од 1 000 000 до 1 499 999 |
VI |
од 25 000 до 49 999 |
XIII |
од 1 500 000 до 2 999 999 |
VII |
од 50 000 до 99 999 |
XIV |
над 3 000 000 |
Типот на земјоделско производство на едно земјоделско стопанство се определува преку релативниот придонес на стандардната вредност на производството на различните видови производство на дадено земјоделско стопанство во вкупната стандардна вредност на производството.
Во зависност од бројот на деталите што се потребни, типовите на земјоделското производство се поделени на:
- Основни типови на земјоделско производство,
- Главни типови на земјоделско произодство,
- Посебни типови на земјоделско производство.
Соопштението е изработено врз основа на основните типови на земјоделското производство.
1) За конвертирање во МКД се користи просечниот девизен курс на НБРМ за референтниот период.
Последно ажурирање:
10.09.2012
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Структура на земјоделските стопанства
|
© Државен завод за статистика