+A   |  -A
ïïï: 1163 | âââ: 70355
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Структурни деловни статистики


Методолошки објаснувања
Структурните деловни статистики (СДС) ја прикажуваат структурата на дејностите кои се вршат во една економија преку следење на активноста на деловните субјекти во конкретната дејност.
Со пресметките на СДС се обезбедуваат индикатори за прометот, додадената вредност, бруто-деловниот вишок и сл., врз основа на книговодствената евиденција на деловните субјекти. Со тоа се овозможува следење на работењето и структурните промени на деловните субјекти што претставува основа за пазарни анализи и донесување на деловни одлуки, а воедно претставува и основа за оцена на основните макроекономски показатели.

Правен основ
Правен основ за обработка, подготовка и дисеминација на податоците за структурните деловни статистики претставува Законот за државната статистика („Сл.весник на РМ” бр.54/97), како и Годишната програма за статистички истражувања. Имплементацијата на стандардите на Европската унија (Регулатива бр.295/2008 на Европската комисија) во пресметките на СДС овозможува меѓународна споредливост на податоците .

Извори на податоци
За пресметка на основните податоци за деловните субјекти се користат расположливите административни и статистички извори. Основен извор на податоците претставуваат годишните финансиски извештаи кои деловните субјекти ги доставуваат до Централниот регистар и Управата за јавни приходи. Податоците произлегуваат директно од сметководствената евиденција на претпријатијата. Дополнително се користат и податоци од статистичките истражувања кои ги спроведува Државниот завод за статистика.

Опфат
Во пресметките се опфатени активните деловни субјекти од нефинансискиот сектор чијашто главна дејност, според Националната класификација на дејностите - НКД Рев.2, припаѓа во секторите: Б (Рударство и вадење на камен), В (Преработувачка индустрија), Г (Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација), Д (Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината), Ѓ (Градежништво ), Е (Трговија на големо и на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли), Ж (Транспорт и складирање), З (Објекти за сместување и сервисни дејности со храна), Ѕ (Информации и комуникации), Ј (Дејности во врска со недвижен имот), К (Стручни, научни и технички дејности), Л (Административни и помошни услужни дејности) и О 95 (Поправка на компјутери и предмети за лична употреба и за домаќинствата).
Секторот И (Финансиски дејности и дејности на осигурување), поради специфичната природа не е опфатен во ова соопштение.
Структурните деловни статистики не обезбедуваат податоци од областа на земјоделството, шумарството, јавната управа, како и непазарните услуги како што се образованието и здравството.

Дефиниции
Бројот на претпријатијата се дефинира како вкупен број на регистрирани правни или физички лица кои биле активни барем во еден дел од референтниот период.
Бројот на вработените се дефинира како број на лица кои склучиле договор за работа и добиваат плата или друг вид надоместок од работодавецот.
Прометот се дефинира како вкупна фактурирана вредност на продадените производи, стоки и услуги продадени на трети лица која не го содржи данокот на додадена вредност. Финансиските, вонредните и останатите приходи не се вклучени во прометот
Додадена вредност по фактор трошок на производството претставува бруто-приход од работењето на деловните субјекти по коригирањето со субвенциите и индиректните даноци. Во пресметката на додадената вредност се вклучува вредноста на производството и субвенциите, намалена за даноците на производи и производство и вредноста на меѓуфазната потрошувачка која ги опфаќа трошоците за материјали, производни и непроизводни услуги и дел од останатите лични расходи. Приходите и расходите, класифицирани како финансиски, се исклучени од додадената вредност
Трошоците за вработенитеги опфаќаат сите плаќања во готово или во натура кои работодавецот ги плаќа на постојано или на повремено вработените лица за извршената работа во референтниот период. Исто така, се опфаќаат даноците и придонесите за социјално осигурување на вработените кои одат на товар на работодавецот, како и останатите надоместоци на вработените како што се за храна, превоз, отпремнини, награди, помош на вработените и сл.надоместоци на вработените како што се за храна, превоз, отпремнини, награди, помош на вработените и сл.
Бруто-деловен вишок претставува разлика помеѓу додадената вредност, пресметана по фактори на трошок на производството, и средствата за вработените.



Последно ажурирање: 21.03.2012

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошко објаснување за соопшението од областа: Структурни деловни статистики 
  
  Структурни деловни статистики


   


© Државен завод за статистика